Како песимизмот ви ги уништува среќата, кариерата и врските со најблиските?
Песимисти ги нарекуваме луѓето кои секогаш го гледаат негативното, без разлика во каква ситуација се наоѓаат.
Понекогаш песимизмот може да биде корисен, бидејќи ќе ве подготви за најлошото, но ако постојано размислувате на овој начин, не си правите добро.
Песимизмот може да има големо и негативно влијание врз вашиот живот, најмногу бидејќи ви дава нереална претстава за нештата околу вас – дури и најсреќните моменти, вие ќе ги перципирате како лоши.
Погледнете како песимизмот го уништува вашиот живот:
1. Бидејќи претпоставувате дека нема да успеете, не се ни обидувате. Ако, на пример, ви се допаѓа некоја личност, вие претпоставувате дека немате шанси кај неа, па не се ни обидувате да ја освоите. Наместо да аплицирате на работното место од соништата, вие мислите на тоа дека нема да ја добиете работата и целосно се откажувате. Вашиот песимизам не ви дозволува да направите чекор напред. Поради него не си ни дозволувате да пробате нешто, бидејќи секогаш мислите дека ве чека неуспех.
2. Се фокусирате на негативното кај другите, па не ја гледате нивната убавина. Можеби ви е страв дека другите ќе ве повредат, па постојано им барате забелешки. Ако некој ве повреди, дури и не сакајќи, вие веднаш ја напуштате таа личност без воопшто да разговарате за тоа. Наместо да се обидете да ги разберете другите, вие се фокусирате само на недостатоците и не можете да ја видите нивната убавина. На овој начин, ги оттргнувате сите луѓе кои всушност би имале добро влијание врз вас.
3. Се грижите за ситуации што не се ни случиле, и што најверојатно нема никогаш да се случат. Ако го правите ова, обидете се да живеете во моментот. Уживајте во животот наместо постојано да очекувате да се случи нешто лошо. Ако постојано мислите на идните потенцијални проблеми, никогаш нема да уживате во сегашноста. Добро е да имате план за утре, но не немојте постојано да мислите дека сè ќе тргне во погрешна насока. Бидејќи, во повеќето од случаите, вашите грижи се неосновани и непотребни.
4. Изгледате како негативна личност во очите на другите. Треба да разговарате со саканите за вашите грижи и проблеми, но не треба секој збор да ви биде жалење. Не треба секој разговор да биде „кукање“. Кога постојано ќе им се жалите на другите, тие ќе почнат да ве гледаат како негативна личност и сигурно ќе се обидат да се оддалечат од вас.
5. Поради постојаните грижи, не можете да уживате ни во нештата што треба да ве радуваат. Ако ве очекува некој важен и интересен настан, а вие се фокусирате само на нештата што можат да тргнат на лошо, тогаш сигурно нема да уживате. Престанете да го очекувате најлошото кога нештата ви изгледаат премногу добри за да бидат вистинити. Во животот се случуваат и убави работи, па немојте да ги уништувате со вашиот песимизам. Барем еднаш дозволете си да поверувате дека сè ќе помине добро.
Спирова С. | Црнобело