11 прашања што можат да ви го променат животот во потрага по одговорот
Што ми е најважното нешто?
Ако не знаете што ви е најважно, како ќе ги одредите вашите приоритети и за што се залагате во животот?
Без разлика дали е семејство, кариера или нешто друго, мора да знаете кои нешта ви се најважни во животот.
За кого го правам ова?
Без разлика што правите, запрашајте се за кого го правите. Дали е за вас? Дали се обидувате да помогнете некому? Дали го правите од љубов? Дали вреди да го правите тоа за таа личност?
Поставете си го прашањето и обидете си да најдете што е можно појасен одговор.
Дали ова навистина вреди?
Факт е дека нашите животи и не се така долги, па секогаш кога правите нешто или кога се грижите за некој проблем или некоја ситуација, прашајте се дали тоа навистина вреди.
Ќе сфатите дека во повеќето случаи, одговорот е „НЕ“. Па ако нешто не ви е важно, зошто воопшто да трошите време и енергија за тоа?
Дали сум пасивен или активен „играч“?
Дали чекате да ви се укаже можност и да ви се случи нешто, или активно ги барате и сами си ги создавате можностите?
Ако, на пример, сакате да напишете книга, не треба да го чекате совршениот момент или совршената идеја. Не бидете пасивни, туку почнете со пишување и идеите сами ќе дојдат.
Ова важи за што било во животот – не чекајте и не оставајте ништо на случајноста. Ако сакате нешто, уште веднаш почнете да делувате.
Дали навистина сум личноста којашто сакам да бидам?
Понекогаш ни е тешко да направиме разлика помеѓу личноста што сме и личноста што сакаме да бидеме. Ако сметате дека сте добра личност, но постојано им правите лошо на другите, тогаш имате погрешно мислење за себе.
Добро размислете за вашите постапки, одлуки, навики… Размислете дали навистина ве прават личноста којашто сакате да бидете. Бидете самокритични и искрено одговорете на прашањето.
Ако одговорот е „НЕ“, време е да промените нешто.
Спирова С. | Црнобело