11 прашања што можат да ви го променат животот во потрага по одговорот

Сите трагаме по некакви одговори во нашиот живот, но понекогаш многу поважни се прашањата што ќе си ги поставиме. Дури и оние прашања за кои ни се чини дека нема одговор, можат да ни помогнат да се придвижиме во вистинската насока.

kako-izgleda-mojot-sovrshen-den-11-prashanja-shto-mozhat-da-vi-go-promenat-zhivotot-01.jpg

Можеби ќе ги немате одговорите за сите прашања во продолжение, но тие сигурно ќе ве натераат да размислувате „надвор од кутијата“, ќе ја променат вашата перспектива и ќе ви помогнат да си го направите животот многу подобар.

Затоа, уште денес поставете си ги овие прашања:

Со кого минувам најмногу време?

Гете рекол: „Кажи ми со кого го минуваш времето, и јас ќе ти кажам кој си“.

Луѓето со кои се дружиме имаат огромно влијание врз нас. Размислете за вашите најблиски: дали ве инспирираат и мотивираат, или само ве „влечат“ надолу?

Ако се дружите со негативни луѓе, нивната негативност ќе се префрли и кај вас. Ако се дружите со луѓе без никакви амбиции, најверојатно и вие ќе станете такви.

Внимателно одбирајте го вашето опкружување.

Дали ова е надвор од моја контрола?

Мора да правите разлика помеѓу нештата што се во и надвор од ваша контрола. Причината е што неретко, луѓето премногу се фокусираат на нештата надвор од нивна контрола. Нештата што не можат да ги променат и што не зависат од нив. Од ова немате никаква корист, бидејќи не можете да направите ништо.

Наместо тоа, фокусирајте се на она што можете да го промените. Секогаш кога ќе се соочите со проблем, поставете си го ова прашање. Ако проблемот не е поради вас и не можете да направите ништо, немојте да се грижите за него. Ако контролата е во ваши раце, дури тогаш размислете како можете да делувате.

kako-izgleda-mojot-sovrshen-den-11-prashanja-shto-mozhat-da-vi-go-promenat-zhivotot-02.jpg

Како изгледа мојот совршен ден?

Ако не знаете како изгледа вашиот совршен ден, тогаш како ќе знаете кои одлуки ќе ве однесат до вашата цел?

Важно е да знаете што ви причинува најмногу задоволство. Што би правеле во овој совршен ден? Со кого сакате да го поминете? Каде сакате да бидете?

Размислете што е она што прави да се чувствувате среќно и исполнето и обидете се овој ден да го направите реалност.

Ако не се грижам за мене, тогаш кој ќе го направи тоа? Ако се грижам само за мене, тогаш што сум јас?

Овие прашања ќе ви покажат дека мора да направите рамнотежа. Добро е да се грижите за саканите и за сите околу вас, но немојте да заборавите на себе.

Од друга страна, добро е да сакате да успеете, да имате амбиции и цели, но немојте да бидете себични и да ги заборавите другите. Потребен ви е баланс - дали го има кај вас?

Што испуштам ако одберам да бидам загрижен/а или исплашен/а?

Стравот и грижите можат навистина да ве парализираат. Затоа, секојпат кога ви е страв да направите нешто, прашајте се што сè ќе испуштите ако му дозволите на стравот да победи.

Нормално е да чувствувате страв, но ако сакате да ѝ се доближете на целта, мора да соберете храброст и да го направите она што треба да се направи.

kako-izgleda-mojot-sovrshen-den-11-prashanja-shto-mozhat-da-vi-go-promenat-zhivotot-03.jpg

Дали сум навистина продуктивен/на?

Вие можете да бидете зафатени со часови, но да не бидете продуктивни. Без разлика дали станува збор за работното место или за личните цели, добро размислете дали она што го правите е навистина продуктивно.

Размислете дали она што го правите навистина ве доближува до целта, или само ви го троши времето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg