Забавни факти за Pac-Man, играта без крај која „наполни“ 40 години
Играта беше инспирација и за песната Pac-Man Fever, која беше издадена во 1981. Синглот беше вистински хит и досега се продадени неколку милиони копии.
За 30-тиот роденден на играта, дури и Google ѝ оддаде почит. Тие го претворија нивното лого во мини-игра, која толку беше популарна, што ја оставија на сајтот. Ако сакате да ја пробате, кликнете ТУКА, а потоа на копчето Play.
Иако се вели дека играта нема крај, како што напоменавме, таа има 255 нивоа. Играта има уште едно ниво, но кога ќе стигнете дотаму сликата се искривува и е речиси невозможно да го поминете.
Не постои возрасна личност што не ја препознава оваа игра. Всушност, таа можеби е попопуларна и од Super Mario.
Креаторот имал идеја да направи ненасилна и забавна игра, а ова им се допаднало на речиси сите. Токму поради ова, играта влезе во Гинисовата книга на рекорди како најуспешна на сите времиња.
Погледнете и Одлични видео игри што ќе ви го исполнат слободното време.
Спирова С. | Црнобело