Забавни факти за Pac-Man, играта без крај која „наполни“ 40 години
Оригиналната игра има 255 нивоа, а единствената личност која ги поминала сите без да „умре“ е Били Мичел. Овој подвиг е наречен „совршена игра“.
Во 1981-ва се појави и женскиот лик, познат како г-ѓа Пек-Мен. Овој лик има панделка на главата, едно затворено око и црвени усни. Ликот има посебна игра, чиј концепт е ист како и оригиналот.
Со текот на времето, видеоигрите еволуираат, а истото се случи и со Pac-Man. Денес постојат над 40 официјални верзии од играта кои можат да се играат на разни конзоли и, се разбира, компјутер. Покрај тоа, Pac-Man е инспирација и за многу друштвени игри, но и видеоигри кои (легално или нелегално) го „позајмиле“ дизајнот.
Играта е толку популарна, што се појави и во неколку серии и филмови. Во серијата Friends, Фиби им купи флипер со оваа игра на Моника и Чендлер за нивната свадба. Главниот лик се има појавено и во епизода од The Simpsons, но и во филмови како Tron и Wreck it Ralph.
Од 1982 до 1983 се емитуваше и анимирана серија инспирирана од играта, позната како Pac-Man: The Animated Series. Покрај Пек-Мен и г-ѓа Пек-Мен, во играта се појавува и нивното бебе, но и мачка и куче. Ова е првиот цртан филм направен според игра.