Грешки во невербалната комуникација поради кои оставате лош впечаток
Кога првпат запознавате некој, немате многу време да оставите позитивен впечаток. А, бидејќи немате ни време за зборување, невербалната комуникација има важна улога.
Проблемот е што неретко не сме ни свесни за грешките што ги правиме при невербална комуникација, па не сакајќи оставаме погрешен впечаток.
Затоа, погледнете кои се најчестите грешки на кои треба да обрнете внимание:
„Пукање“ прсти
Науката веќе докажа дека оваа навика не е штетна за нас, но многу луѓе не можат да ја поднесат.
Ако имате навика да ги „пукате“ прстите, обидете се да ја контролирате кога разговарате со некој.
Играње со косата
Според некои психолози, играњето со косата може да биде и знак за флертување, но воглавно е одбивна навика.
Веројатно и вие не сакате да гледате како некој си ја џвака косата додека сте во ресторан или кафетерија.
Непочитување на туѓиот личен простор
Можеби вам не ви пречи ако соговорникот стои премногу блиску до вас, но некои луѓе не сакаат кога некој им го нарушува личниот простор.
Кога разговарате со некој, без разлика дали странец или познаник, држете растојание и избегнувајте го физичкиот контакт.
Претерано гестикулирање со рацете
Според експертите за говор на телото, претераното гестикулирање може да изгледа нападно за вашиот соговорник.
Кога разговарате со некого, внимавајте на движењето на рацете.
Невнимание
Воопшто не изгледа добро кога некој ви зборува а вие гледате низ прозорецот, си го проверувате телефонот или на кој било начин покажувате невнимание.
Без разлика со кого разговарате, посветете му го целото ваше внимание.