Грешки во невербалната комуникација поради кои оставате лош впечаток
Интензивно гледање во очи, или целосно избегнување на погледот
Ако интензивно го гледате соговорникот во очи, тој сигурно ќе се почувствува непријатно. Ова може да ве направи да изгледате нападно и агресивно.
Од друга страна, не е во ред и ако целосно го избегнувате погледот на соговорникот. На овој начин изгледате како личност без самодоверба, или како личност која крие нешто.
Според експертите за говор на телото, ако ви е непријатно да го гледате соговорникот во очи, фокусирајте се на пределот меѓу очите.
Јадење за време на телефонски разговор
Ова е една од најлошите навики. Замислете си како би било вие да зборувате некому по телефон, а тој да џвака – сигурно ќе го слушнете тоа и ќе се почувствувате непријатно.
Додека разговарате по телефон, држете се понастрана од грицки и храна.
Непокажување емоции
Не е во ред и да не покажувате никакви емоции додека разговарате. Изразите на лицето се важен дел од невербалната комуникација, па ако не реагирате на ништо, вашиот соговорник сигурно ќе се почувствува непријатно и нема да знае како да продолжи со разговорот.
Тропање со прстите
Оваа навика најчесто укажува на нетрпеливост. Па, ако тропате со прстите додека некој ви зборува, соговорникот ќе помисли дека едвај чекате да заврши разговорот.
Ова ќе му покаже дека не го почитувате и сигурно ќе оставите лош впечаток.
Поправање на шминката
Навистина е неучтиво да си ја поправате шминката додека некој се обидува да зборува со вас. Со ова однесување јасно му покажувате дека воопшто не сте заинтересирани за разговорот.
Нервозно движење
Ако за време на разговор постојано мрдате со рацете и нозете, соговорникот ќе си помисли дека не сте заинтересирани.
Според експертите за говор на телото, ова однесување е уште знак за нетрпеливост и му покажува на соговорникот дека ви е досадно.
Спирова С. | Црнобело