Излишни навики без кои ќе изгледате многу попаметно
Нашето однесување го одредува впечатокот кој луѓето го добиваат за нас.
Дури и да сте натпросечно интелигентни, поради одредена навика, луѓето во ваша околина може да го помислат спротивното.
За да оставите добар прв впечаток, најдобро е да се откажете од:
Држење на алкохолен пијалак во раката
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои држат пиво или друг алкохол на фотографиите, околината ги доживува како потпросечно интелигентни, за разлика од оние кои на пример, држат чаша вода.
Користење на сложени изрази кога нема потерба
Луѓето обично ги сакаат работите едноставни, прецизни и кратки. Не се губете непотребно во сложените фрази.
Одење побрзо или побавно од групата
Кога чекорите со поголема група на луѓе, најдобро е да останете синхронизирани.
Избегнување на контакт со очите
Истражувањата покажуваат дека делувате поинтелигентно кога при разговорот ги гледате луѓето во очи.
Псуење
Без оглед колку сте нервозни или фрустрирани, не дозволувајте да изгубите контрола, ако сакате да оставите добар впечаток.
Мрштење
Насмевнете се ако сакате луѓето да ве перципираат како паметни и мудри.
Плашење да побарате совет
Контрадикторно, но вистинито. Луѓето кои „знаат апсолутно сè“ обично околината ги доживува како помалку интелигентни за разлика од оние кои повремено бараат совет или мислење.
М. Д. | Црнобело