Жена си го направила струкот 33 сантиметри - тоа му било фетиш на сопругот
Какви жртви се подготвени да прават жените во име на мажите и „убавината“? Оваа бизарна приказна е пример за една таква крајност.
Со години жените се жртвувале во име на мажите. Од носење на перики на жешко време до долги здолништа кои им го попречувале нормалното движење, во текот на годините тие правеле многу жртви во име на убавината.
Но, Етел Гранџер е една од оние кои отишле најдалеку. Таа за да ги исполни сексуалните фантазии на својот сопруг носела корсети и го стискала струкот до неверојатни 33 сантиметри.
Таа била родена во 1905 година, а пред бракот била како сите обични девојки. Но, откако станала сопруга на Вилијам се опседнала со тоа да го исполни неговиот фетиш.
Нивната врска била полна со контроверзии.
На почетокот од врската таа го стеснувала струкот со корсети до 61 сантиметар, но Вилијам уште не бил задоволен, па ја терал покрај преку ден, да носи корсет и навечер додека спие.
Етел одбивала долго време, но потоа ја прифатила желбата на својот сопруг. Поради ова таа имала болки и здравствени проблеми, но Вилијам постојано ѝ го затегал корсетот.
Резултатот од тоа бил струк од неверојатни 31 сантиметар.
Бизарно, зарем не?
С. С. | Црнобело