Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Смешни (и бизарни) психолошки трикови што жени ги користат на нивните сопрузи

„Кога ќе престане да помага со домашните обврски, престанувам и јас – не готвам, не перам облека, не мијам садови. И, брзо му текнува“.

smeshni-i-bizarni-psiholoshki-trikovi-shto-zheni-gi-koristat-na-nivnite-sopruzi091_copy.jpg

Дури и најсреќните и највљубените парови имаат несогласувања и кризни моменти, а во ваквите мигови најважна е комуникацијата.

Но, некои жени сфатиле дека само со разговор нема да постигнат многу, па почнале да користат психолошки трикови за да го натераат партнерот да сфати нешто.

Секако, воопшто не е во ред да го манипулирате партнерот бидејќи ова може негативно да се одрази на вашиот однос.

На Редит, неколку жени ги споделуваат нивните смешни и по малку бизарни трикови:

„Му раскажувам измислена приказна за тоа што направил сопругот на некоја другарка, па му велам дека сум среќна што тој не прави така.

Но, во приказните вметнувам работи што ги прави тој, а не ми се допаѓаат и со ова си го менува однесувањето“.

„Купувам ваучери, па кога ќе ми рече дека не сака да јадеме во ресторан, му велам дека имаме ваучер од Божиќ или нешто слично. Функционира секојпат“.

„Секојпат кога одевме во некој мол, го носев истиот парфем. Сега секогаш кога ќе си ставам од тој парфем, ме прашува дали ми се оди во шопинг“.

smeshni-i-bizarni-psiholoshki-trikovi-shto-zheni-gi-koristat-na-nivnite-sopruzi-02.jpg

„Кога сопругот не може да најде нешто и ме прашува мене, а тоа нешто му е пред очи, треба да ми ’плати‘ со книга. Досега имам четири нови книги“.

„Баба ми имаше знак на кој пишуваше ’Доме сладок доме‘. Кога се караа со дедо ми, секогаш го откачуваше знакот“.

„Кога правам јадење за сопругот, а ме изнервирал, ставам и печурки бидејќи ги мрази“.

smeshni-i-bizarni-psiholoshki-trikovi-shto-zheni-gi-koristat-na-nivnite-sopruzi-03.jpg

„Кога се караме, со сопругот носиме хартиени капи за роденденски забави. Караницата не може да ескалира кога и двајцата носиме смешна капа“.

„Кога ќе престане да помага со домашните обврски, престанувам и јас – не готвам, не перам облека, не мијам садови. И, брзо му текнува“.

„Кога планираме да купиме нешто поскапо, му го покажувам најскапиот модел и го оставам да размисли.

Потоа му го покажувам моделот што го сакам јас, кој е поевтин, и сопругот веднаш се согласува. Трикот функционира секојпат“.

smeshni-i-bizarni-psiholoshki-trikovi-shto-zheni-gi-koristat-na-nivnite-sopruzi-04.jpg

„Кога не можеме да се договориме, фрламе паричка и и ова ни помогнало во многу ситуации, од што ќе јадеме, до каде ќе одиме на одмор“.

„Ако сопругот ме изнервира, ќе му речам ’Знаеш што ми се допаѓа најмногу кај тебе?‘ и ќе почнам да набројувам убави карактеристики.

Сопругот мисли дека ги поседува, па почнува да се фокусира на нив. Функционира како магија“.

„Побарав развод и се разведовме за да му докажам дека сум подготвена да одам до крајност. Потоа повторно се венчавме“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg