Луѓе откриваат: „Најчудната навика на партнерот што ја дознав откако почнавме да живееме заедно“

„На почетокот, сопругот купуваше чорапи и долна облека и по секое носење ги фрлаше“.

lugje-otkrivaat-najchudnata-navika-na-partnerot-shto-j-doznav-otkako-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-01.jpg

Не залудно повозрасните советуваат паровите прво да живеат заедно извесен период, пред да одлучат дали ќе стапат во брак.

Ако живеете или сте живееле со партнер, веројатно и ви е јасно зошто е корисен овој совет.

Кога почнуваме да го делиме домот со некого, без разлика колку добро мислиме дека го познаваме, почнуваме да откриваме и нови навики на таа личност.

Неретко ова се ситници, но некогаш се и навики кои не можеме да ги „преболиме“.

На Редит, неколку луѓе ги споделуваат најчудните навики на нивните партнери што ги откриле откако почнале да живеат заедно:

„Сопругот ги диплеше крпите додека се влажни и така ги ставаше во фиока. Одвратно. Откако разговаравме, престана“.

„Сопругот секој ден организира нешто дома. Но, обично тоа е една кутија што му стои во гардероберот во која си чува работи или наново си ја дипли облеката.

На почетокот ми беше чудно, но потоа сфатив дека тоа го релаксира по напорен ден“.

lugje-otkrivaat-najchudnata-navika-na-partnerot-shto-j-doznav-otkako-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-02_copy.JPG

„Партнерката јаде житарици со вода, а не млеко“.

„Не си ја менуваше постелнината, скоро никогаш… Сега редовно ја менува, но лудо е кога ќе се присетам на тој период“.

„На почетокот, сопругот купуваше чорапи и долна облека и по секое носење ги фрлаше“.

lugje-otkrivaat-najchudnata-navika-na-partnerot-shto-j-doznav-otkako-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-03.JPG

„Девојка ми толку многу сака путер од кикиритки што чува една кутија покрај креветот, една на масичката во дневната, една во канцеларија…“

„Сфатив дека бившиот дечко има сериозна зависност од Фејсбук. Скролаше на Фејсбук константно, дури и кога возеше“.

„Кога купувавме овошје, бившиот го фрлаше дури и ако имаше минимална промена на бојата, а сепак беше свежо“.

lugje-otkrivaat-najchudnata-navika-na-partnerot-shto-j-doznav-otkako-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-04.JPG

„Девојка ми ги сече ноктите каде било низ домот и потоа не ги собира.

Одвратно е, но ми вели дека робот-правосмукалката ќе ги соберела. Најчудно ми е тоа што инаку е многу педантна личност“.

„Мислев дека бившиот е уреден маж кој сам си го средува домот. Но, дознав дека мајка му доаѓа секоја недела за да чисти кај него“.

„Секогаш ги оставаше влажните марамчиња отворени. Не е којзнае каков проблем, но се сушеа“.

lugje-otkrivaat-najchudnata-navika-na-partnerot-shto-j-doznav-otkako-pochnavme-da-zhiveeme-zaedno-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg