Пар си го истетовирал датумот на свадбата, но свадбата им е откажана поради пандемијата
Кога си малер и планирањето на свадба со години ќе ти пропадне...
Францис Доналд (26) ја запросил својата девојка Фионалха Кирни (24) во декември 2017 година, а свадбата ја закажале за 16-ти октомври 2020 година.
Бидејќи тој датум логично би им бил годишнина од брак тие си го истетовирале на раката, но поради пандемијата на корона вирусот нивната свадба е откажана, а од хотелот „Hugh McCanns“ каде уплатиле капар им рекле да очекуваат да се одржи дури во 2021 година.
Инаку, парот си ги направил тетоважите со римски бројки во јуни 2019 година кога биле на одмор во Турција.
Тие се очајни поради тоа што свадбата им е откажана, но нивното долготрајно планирање не е пропаднато, туку само презакажно за во април 2021 година.
Единствен проблем се тетоважите за кои некои членови од семејството ги советувале да ги прекријат со други тетоважи, додека други им велеле да ги зачуваат како потсетник за оригиналниот датум на кој требало да биде одржана нивната свадба. Тие сѐ уште немаат донесено одлука.
С. С. | Црнобело