За испуштените можности, за идните грешки - работи за кои треба да си простите уште денес
За начинот на којшто сте се однесувале кон себе
Колку пати сте размислувале за вашите недостатоци? Колку пати сте се критикувале и омаловажувале самите? Од денес елиминирајте ги сите негативни мисли за себе, но и простете си за оние од минатото.
За факултетот што сте го завршиле
Многу студенти, па дури и возрасни кои веќе дипломирале, се каат за факултетот што го одбрале. Ако спаѓате овде, треба да си простите и за тоа.
Без разлика колку е вредна вашата диплома денес, додека сте студирале сте „собрале“ незаменливи искуства кои вреди да се доживеат и кои ве изградиле како личност.
За паузите што сте ги направиле од животот
Можеби сте паузирале од студирање. Можеби некој период сте се изолирале од сите. Можеби некое време сте живееле настрана од дома. Без разлика каква пауза сте направиле и поради која причина сте ја направиле, не треба да се чувствувате лошо за тоа.
Сигурно токму таа пауза ви помогнала да се вратите на нозе.
За испуштените можности
Веруваме дека треба да ги зграпчиме сите можности што ни се пружаат, а кога нема да го направиме тоа, се чувствуваме навистина лошо.
Но важно е да знаете дека е невозможно да ги искористите сите можности и треба да си простите за оние што сте ги испуштиле, без разлика колку ви се чинеле добри. Некогаш грешките водат до нешто подобро.
За грешките што допрва ќе ги направите
Не постои личност која не погрешила и која нема да погреши во иднина.
Затоа, уште денес простете си за грешките што ќе ги направите утре. Факт е дека дел од нив се неизбежни, па зошто непотребно да се казнувате и измачувате?
Спирова С. | Црнобело