За испуштените можности, за идните грешки - работи за кои треба да си простите уште денес

Досега веројатно сте им простиле на многу пријатели, па дури и непријатели, но запрашајте се колку пати сте си простиле себеси.

raboti-za-koi-treba-da-si-prostite-ushte-denes-01.jpg

Поради некој причина, на луѓето им е навистина тешко да си простат себеси, дури и за работи кои не се случиле по нивна вина.

Затоа, погледнете за кои нешта треба да си простите уште денес:

За нештата за кои сте се премислиле

Без разлика дали тоа е работата од соништата, плановите за некое идно време или партнерот за кој сте мислеле дека е вистинскиот, не смеете да се чувствувате лошо затоа што сте си го смениле мислењето.

Животот ви приредува многу пресврти и многупати ќе бидете присилени да го промените мислењето, па простете си за тоа и одете понатаму кон нови цели.

За начинот на којшто сте се справиле со болката

Простете си за она што сте го направиле за да се справите со болката. Без разлика на кој начин сте се справиле со неа, време е да престанете да се каете. Важно е вие да сте добро. 

За помфритот што сте го изеле со ручекот

Малку брза храна не штети никому ако ве прави среќни.

raboti-za-koi-treba-da-si-prostite-ushte-denes-02.jpg

За нештата што не можете да ги направите

Никој никогаш нема да биде добар во сè и треба да го прифатите тоа. Само затоа што не можете да направите едно нешто, не значи дека нема да успеете со друго.

За начинот на којшто сте се однесувале со родителите во младоста

Тинејџерските години не се лесни и на оваа возраст младите знаат да бидат и неучтиви со нивните родители. Но, имајте на ум дека и вашите родители биле на таа возраст и сигурно досега ви простиле, па истото направете го и вие. Учете од грешките и подобрете се.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
18 пати кога очекувањата на луѓето биле многу поголеми од она што го добиле во реалноста „На дедо ми му купив дрво со јаболка. Следното утро ми ја испрати фотографијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg