Слики кои не се за на Фејсбук
Изгледа дека некогаш е тешко да процениме кои фотографии од синоќешното журкање треба да ги поставите на Фејсбук, а кои не. Имајте предвид...
...дека секогаш има пријатели кои може комплетно погрешно да ги протолкуваат некои фотографии, дека тука се вашите колеги од работа, можеби и некои потенцијални работодавци.
1. Прво правило е дека треба да ги поставите само оние фотографии за кои сте сигурни дека вашите пријатели нема да се налутат.
2. Внимавајте да не се вплеткате во нечија тајна. Можеби другарката го лаже дечкото дека ќе учи дома? Можеби пријателот штотуку раскинал со девојката па не мора одма да го има на слики со куп жени?!
3. Интерните шеги можеби вам ви се смешни и интересни, но на останатите кои не знаат што точно се случило, ова баш и нема да им е интересно, а некои работи може и да ги сфатат погрешно.
4. Фотографии каде сте мртви пијани апсолутно не треба да се најдат на Фејсбук.
5. Ограничи го пристапот до своите албуми како и на фотографиите каде си тагнат.
Внимателно. Сигурни сме дека не сакате Фејсбук да биде виновен и да направи „од играчка плачка“.