Короваи, едно од последните племиња канибали: Старешината кажува кој треба да се убие
Старешината на племето Короваи кажува кој треба да биде изеден - тој почнува да се моли сам и, наводно, слуша внатрешни гласови кои му кажуваат кој член на племето е опседнат од демони. Тогаш почнува племенски обред, повикува неколку членови од племето и им кажува која личност треба да биде убиена. Сепак, антрополозите веруваат дека оваа практика постепено изумира, па дури и дека е целосно исчезната во помодерно време.
Папуа Нова Гвинеја е меѓу последните места на земјината топка каде се верува дека живеат канибали. Станува збор за Короваи, полуномадско племе со древна култура, кое е првпат откриено во 1974 година, а на чие мени и понатаму се наоѓа човечко месо.
Кога група научници од западот тргнале на експедиција во овој дел на Индонезија, не ни помислувале дека ќе наидат на племе кое живее скриено длабоко во џунглата.
Тие живеат во колиби кои се изградени на дрвја, на висина од околу 50m, изработени од дрва и палми. На овој начин се штитат од ривалските села и крволочните животни во џунглата.
Многу членови на ова племе веруваат дека луѓето кои доаѓаат тука неповикани, со себе носат демони и зли духови, па затоа прават сè што можат за да ги спречат да влезат на нивната територија.
Но, има и такви кои веќе не веруваат во митовите за злобните духови, откако почнале да комуницираат со научниците и новинарите кои повремено доаѓаат кај нив.
Во ова племе и понатаму владее канибалистичката култура. Тие веруваат дека секоја личност во племето која потпаднала под влијание на демони, мора да биде убиена и изедена.
Обично старешината на племето е тој што кажува кој треба да биде изеден. Тој почнува да се моли сам и, наводно, слуша внатрешни гласови кои му кажуваат кој член на племето е опседнат од демони.
Тогаш почнува со племенски обред, повикува неколку членови од племето и им кажува која личност е опседната.
Тие ја убиваат, по што старешината го касапи телото.
Иако по многу векови изолација, тие последниве децении имаат контакт со луѓе од надворешниот свет, сепак веруваат дека дојденците се злобни, па понекогаш ги ловат и убиваат.
Токму затоа властите во Папуа Нова Гвинеја ги предупредуваат туристите да не одат сами во џунглите, а секој што престојува во хотел, мора да има со себе локален водич пред да го напушти хотелот, поради своја безбедност.
За среќа, одамна не се случил инцидент во кој бил нападнат некој турист, па властите се надеваат дека племето канибали веќе не практикува јадење луѓе.
A. J. | Црнобело / фото: depositphotos.com