Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нежна, софистицирана и мирислива како јасмин – кое е значењето на името Јасмина?

Јасмина е женската варијанта на името Јасмин. Името е со персиско потекло (يسمين) односно потекнува од зборот „Јасаман“, име на бел мирислив украсен цвет.

Znacenje-na-imeto-Jasmina-01.jpg

Самиот збор симболизира „љубовна емоција“. Името се пренесувало од Персија преку Шпанија во Европа и датира од неодамнешните времиња кога станало вообичаено да се даваат имиња според убави цветови (Роза, Мимоза, Ирис…), обичај којшто се развил и на нашите простори.

Кога родителите избираат име кое симболизира одреден цвет, носителите на овие имиња како во случајот Јасмина симболизираат нешто убаво, нежно, слатко, прекрасно и софистицирано.

Името е присутно и популарно во различни варијанти кај речиси сите европски нации.

Во Англија и Германија, Јасмин е многу често женско име. Имињата Јаско, Јасминка, Јасминко, Минеса, Минка се најчестите варијации од ова прекрасно име во нашето поднебје.

Дали и вие имате некоја нежна и убава Јасмина која ви носи радост во животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg