Едноставна медитација која во вас ќе внесе светлина за време на изолацијата

Од ден на ден стануваме сè поанксиозни од ситуацијата со коронавирусот. Да бидеме искрени, не очекувавме дека нештата ќе стигнат дотука.

ednostavna meditacija koja vo vas kje vnese svetlina za vreme na izolacija 3

Изгледа дека најголемиот дел од нас веруваа дека ова низ што поминуваме во моментот може да постои на филмското платно и никаде на друго место.

Соочени со горчливиот вкус на реалноста, прво пробавме социјалните мрежи да ни бидат главно место за „разонода“. Но, и тоа не е вистинскиот избор бидејќи, особено периодов, тоа е многу токсично место. Се препуштивме и на гледање филмови, серии, читање книги, стрипови, водење дневник, но и тука како да имаше некој недостаток од концентрација.

Преокупираноста со случувањата не ни го дава потребниот мир и во тие ситуации ни преостанува свесноста да ја насочиме кон внатре и да понираме длабоко во нас. Да се грижиме повеќе за себе, да се соочиме со стравот и паниката, која во подножјето на стомакот ни дава чувство како да се наоѓаме пред свршен чин.

Наместо за она што доаѓа утре, да пробаме да се фокусираме на она што го имаме денес. Нашиот ум најголем дел од времето е заклучен во минатото и иднината, што дополнително нè обеспокојува.

Способноста да бидете присутни во сегашниот момент ќе ви помогне да им побегнете на лошите мисли. Затоа, во продолжение следува едноставна медитација за почетници која може да ви помогне да се вратите во срцето и да почувствувате некаков вид спокојство.

ednostavna meditacija koja vo vas kje vnese svetlina za vreme na izolacija 2

Најдете мирно катче во својот дом. Седнете или легнете, но важно е да ви биде удобно. Откако ќе ја почувствувате удобноста на положбата, затворете ги очите и не пробувајте да го контролирате дишењето. Дишете природно на почеток.

Потоа фокусот постепено префрлете го на вашето вдишување и издишување, внимателно следејќи го секое движење кое се појавува во вашето тело. Зависи до спремноста на поединецот, ќе почнете да го забележувате кревањето на градниот кош, рамениците и стомакот.

Откако ова ќе ви „легне“, пробајте едноставно да го насочите вниманието кон вашиот здив, кој треба да се движи лежерно, без да бидете попречени од темпото и интензитетот на дишењето.

Во случај ако умот ви заскита како по обичај, не чекајте, туку веднаш пробајте да го исконтролирате. Пробајте прво неколку минути. Ако сте почетници ќе имате малку тешкотии, но со трпеливост ќе може да медитирате подолг период. А, со тоа и следуваат големи придобивки: подлабока релаксација, помалку стрес и вознемиреност, како и поголемо чувство на благосостојба.

Автор: Х.Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg