Техника за дишење што брзо ќе ве смири во стресни ситуации

Во стресни ситуации често почнуваме да паничиме. Ова неконтролирано чувство на страв е придружено со разни физички симптоми, како што се брзо чукање на срцето, останување без здив, вртоглавица, гадење...

Tehnika za disenje sto brzo ke ve smiri vo stresni situacii 01

Поточно, физичките симптоми честопати се резултат на фактот дека од страв, едноставно забораваме да го издишуваме воздухот, кој потоа се акумулира во горниот дел од респираторниот систем и се меша со нормалното дишење.

Постојат неколку техники за дишење што во овие моменти можат да ви помогнат да се опуштите и да престанете да паничите.

Ова е едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето, да го вратите во нормала и да се смирите во стресна ситуација во само три чекори.

Еве како:

1. Бројте до пет со бавно темпо и длабоко вдишувајте.

2. Кога ќе стигнете до пет, задржете го воздухот и бројте до четири.

3. Потоа полека испуштајте го воздухот преку носот и бројте до пет.

Tehnika za disenje sto brzo ke ve smiri vo stresni situacii 02

Оваа техника се користи за смирување на нападите на паника и вознемиреност, но ќе ви помогне во сите ситуации кога чувствувате многу напнатост и стрес.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Луѓе кои сами си го разубавија домот и не можат да престанат да се фалат (фото) „Имав заштедено 400 евра и два слободни викенда, па решив да ја преуредам кујнат...
8 секојдневни навики кои можат да го променат изгледот на лицето и телото Грицкање нокти, дишење со отворена уста, џвакање на храната само на една страна…...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg