Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто принцезата Дијана носеше два часовници на нејзиниот зглоб?

Принцезата Дијана беше една од најголемите модни икони во 90-тите, а притоа кршеше многу од кралските правила за облекување.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-01.JPG

На пример, ракавиците се задолжително парче за жените од кралското семејство, но Дијана одбираше да ги носи, и тоа само за да чувствува поголема близина со луѓето што ги сретнува.

Многупати, принцезата беше забележана со два часовници на нејзиниот зглоб, но ова не е само тренд што таа сакала да го прослави. Всушност, зад овој моден избор се крие навистина интересна приказна.

Фотографијата подолу е направена во 1981-ва, кратко по свршувачката на Дијана со принцот Чарлс.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-02.JPG

Овде принцезата гледа како нејзиниот вереник игра поло, а на нејзината рака се забележуваат два часовници.

Наводно, златниот часовник со тенко ремче ѝ припаѓал на Дијана, но потемниот бил на Чарлс. Принцезата има изјавено дека го носела часовникот на Чарлс во негова чест, но и за да му „држи среќа“.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-03.pg.JPG

Овој гест многу потсетува на традиција од минатото – младите дами им врзувале шамивче на шлемовите на витезите пред дуел. Шамивчето било како амајлија за среќа и со ова дамите ја покажувале нивната поддршка за витезите.

Иако можеби бракот на Дијана и Чарлс не издржа, овој гест покажува дека, барем на почетокот, нивната љубов сепак била искрена.

Дијана ја има покажано наклонетоста кон саканите и со друг интересен гест. На денот на нејзината венчавка, принцезата не ја носеше круната што ѝ ја дала кралицата. Наместо тоа, таа носеше круна што била во нејзиното семејство со години.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-04.JPG

Многу жени од семејството на Дијана ја носеле токму таа круна на денот на нивната венчавка, а принцезата покажа дека ја почитува традицијата.

zoshto-princezata-dijana-noseshe-dva-chasovnici-na-nejziniot-zglob-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg