Прашања што ќе ви помогнат да откриете дали сте интроверт

Дали понекогаш сте се почувствувале како да сте изоставени од нешто и дека, едноставно, не припаѓате таму каде што се наоѓате?

odgovorete-na-ovie-prasanja-i-doznajte-dali-ste-introvert+01.jpg

Овa се најпрвите знаци и показатели кои ви укажуваат дека можеби сте интроверт.

Многу често грешиме кога мислиме дека сите срамежливи и повлечени личности се интроверти и прерано ги „етикетираме“. Но дури и ако личноста навистина е интроверт, нема ништо погрешно во тоа.

Интровертноста е само уште една карактерна особина и доколку ја имате, не значи дека нешто не е во ред за вас.

Доколку, пак, не сте сигурни дали спаѓате во оваа категорија, има начин да го дознаете тоа.

Одговорете на подолу наведените прашања со „Да“ или „Не“ и на крај дознајте дали сте интроверт:

1. Дали обожавате да поминувате време со самите себе?

2. Дали мразите кога сте во „центарот на вниманието“ и кога сите гледаат во вас?

3. Дали сте многу подобри во пораки и допишување, отколку во разговор „очи во очи“?

4. Дали преферирате да останете дома за време на викенд, наместо да одите по забави полни со луѓе и многу турканици?

5. Дали некогаш некој ви дал комплимент дека сте многу добар слушател?

odgovorete-na-ovie-prasanja-i-doznajte-dali-ste-introvert+02.jpg

6. Дали вашиот круг на пријатели го одржувате мал и не секој го „пуштате“ да се приклучи во него?

7. Дали постојано си правите „филмови“ во вашата глава и обожавате да фантазирате?

8. Дали сте во врска со екстроверт?

9. Дали понекогаш се чувствувате многу осамено, иако сте опкружени со многу луѓе?

10. Дали се сметате себеси за „стара душа“ или, пак, некој некогаш ви кажал дека сте?

Доколку на барем 6 прашања вашиот одговор беше „Да“, тогаш добредојдовте во фамилијата на интроверти.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg