Психологија на патници: Како ве проценуваат стјуардесите уште при влез во авион?
Несигурност и паузи при зборување
Кога ќе ве прашаат нешто, ако правите долги паузи и зборувате несигурно, тоа може да биде знак за анксиозност. Овде спаѓаат и брзото, бавното и тивкото зборување.
Стјуардесите обрнуваат внимание на ова бидејќи на овој начин зборуваат луѓето кои имаат скриени намери.
Нормално, ова не значи дека ако не одговорите како „од пушка“, ќе бидете обвинети за нешто. Но, веројатно, стјуардесите одвреме-навреме ќе ве проверуваат дали е сè во ред.
Физичка форма
Ако сте во одлична физичка форма, стјуардесите ќе го забележат тоа, но не бидејќи сакаат да флертуваат со вас.
Причината е што веројатно ќе спаѓате во посилните патници, па во случај на незгода би можеле да помогнете.
Знаци на загриженост
Ако си ги допирате косата и дланките, изгледате напнато и здрвено и покажувате слични знаци на несигурност, најверојатно ќе го привлечете вниманието на стјуардесите.
Воглавно, причината е што ова се знаците што ги покажува личност која можеби крие нешто, па ќе ве имаат во предвид за почести проверки.
Стјуардесите обрнуваат внимание и на другите невербални знаци, со цел да одредат на кој патник можеби му е потребна помош.
Спирова С. | Црнобело