Психологија на патници: Како ве проценуваат стјуардесите уште при влез во авион?

Проверката на авионските патници не завршува откако ќе се качите во авионот.

psihologija-na-patnici-kako-ve-procenuvaat-stjuardesite-01.jpg

Всушност, дури откако ќе влезете внатре, стјуардесите ве анализираат и се обидуваат да извлечат некаков заклучок за вас. Односно, се обидуваат да одредат дали сте примерна личност, или патник кој можеби ќе прави проблеми.

Постојат неколку параметри според кои стјуардесите ги оценуваат патниците, а следниве се најчестите:

Поздравување

Стјуардесите ги поздравуваат сите кои се качуваат во авионот. Притоа, обрнуваат внимание кој ќе им врати на поздравот.

Доколку патникот не ги поздрави, тогаш стјуардесите нема да го земат предвид ако е потребно некој од патниците да укаже помош во итна ситуација.

Причината е што кога патникот ќе им врати на поздравот, со тоа покажува дека е пријателски настроен и веројатно би се согласил да помогне во каква било ситуација.

kako-ve-procenuvaat-stjuardesite-shtom-kje-se-kachite-vo-avion-02.jpg

Гледање во очи

Стјуардесите забележуваат и дали сте ги погледнале во очи или го избегнувате нивниот поглед.

„Филозофијата“ зад ова е едноставна – луѓето кои погрешиле или направиле нешто лошо, обично го избегнуваат туѓиот поглед.

Ова не значи дека ако не ги погледнете во очи веднаш ќе бидете осомничени. Едноставно, стјуардесите само забележуваат дека најверојатно сте вознемирени поради некоја причина.

kako-ve-procenuvaat-stjuardesite-shtom-kje-se-kachite-vo-avion-03.jpg

Бледо лице и црвен нос

Ако имате бледо лице, црвен нос или, воглавно, изгледате болно, стјуардесата може да ве праша за вашата здравствена состојба.

Причината е спречување на ширењето болести помеѓу патниците, но и државата во која ќе слетате.

Истовремено, доколку имате каков било здравствен проблем, стјуардесите би сакале да знаат, бидејќи веројатно ќе треба да ви обрнат повеќе внимание.

kako-ve-procenuvaat-stjuardesite-shtom-kje-se-kachite-vo-avion-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg