Зошто луѓето се сè помалку среќни околу Нова година и празниците?

Нова година и Божиќ се веројатно најпопуларните празници во текот на годината и околу нив се создава огромна еуфорија. Но, зошто таа еуфорија со текот на годините спласнува?

zosto-lugjeto-se-se-pomalku-srekjni-okolu-nova-godina-i-praznicite-001.jpg

Постојат 4 главни причини кои се логично објаснување:

1. Вештачка, исфорсирана среќа

Не можете да бидете среќни и расположени според распоредот на обврски и прослави. Тоа што ќе останете будни последната ноќ во годината до ниедно време не ви гарантира добар старт на истата.

Луѓето полека стануваат свесни за тоа и одбиваат да се расположени само затоа што утре е 1-ви јануари.

zosto-lugjeto-se-se-pomalku-srekjni-okolu-nova-godina-i-praznicite-01.jpg

2. Лошо време за самотија

Празниците се време кога сакате да бидете со семејството и пријателите, но целиот тој притисок може да ги разниша и најстабилните љубовни и пријателски врски.

Тензиите и нервозите од потребата сè да помине совршено ја крадат среќата и создаваат чувство на самотија и бескорисност.

zosto-lugjeto-se-se-pomalku-srekjni-okolu-nova-godina-i-praznicite-02.jpg

3. Нова година и Божиќ ги парализираат секојдневните активности и рутини

Ништо не работи, улиците се празни, со исклучок на кафаните и кафулињата. Првите неколку денови во јануари сите се молиме да не ни затреба да платиме сметка во банка, пошта или да одиме во болница.

zosto-lugjeto-se-se-pomalku-srekjni-okolu-nova-godina-i-praznicite-03.jpg

4. Магијата не се купува

Не можете да ја купите новогодишната магија, иако упорно секоја година трошите во просек една плата за подароци, храна, декорации и украси.

zosto-lugjeto-se-se-pomalku-srekjni-okolu-nova-godina-i-praznicite-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg