Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 знаци дека ги заплашувате другите со вашето однесување

Понекогаш, со вашето однесување и вашиот начин на зборување можете да ги оттргнувате другите од вас. Најверојатно, ова е одлика на која не сте горди и која би сакале да ја промените.

7-znaci-deka-gi-zaplashuvate-drugite-so-vasheto-znaenje-01.jpg

Некогаш, пак, луѓето не се свесни за ова нивно однесување, па дури и мислат дека е позитивно.

Во тој случај, добро би било да знаете кои се знаците што покажуваат дека ги заплашувате и оттргнувате другите околу вас.

Брутално сте искрени кон сите

Искреноста е одлика што го дефинира вашиот карактер. Веројатно сакате да бидете искрени со другите, дури и ако тоа значи дека ќе ги повредите.

Сепак, во некои ситуации е подобро да кажете поблага верзија на вистината.

7-znaci-deka-gi-zaplashuvate-drugite-so-vasheto-znaenje-02.jpg

Не сакате „празни“ разговори

Ако не сакате да разговарате со другите за времето, за викендот или некоја слична тема, тогаш дефинитивно ги заплашувате луѓето околу вас.

Веројатно овие разговори ви изгледаат како трошење време, па сакате веднаш да се префрлите на главното. Ова, пак, сигурно ќе направи да изгледате ладно, па дури и неучтиво.

7-znaci-deka-gi-zaplashuvate-drugite-so-vasheto-znaenje-03.jpg

Не толерирате незнаење

Можеби вие постојано сакате да учите нови нешта, но ова не важи за сите. Па кога некој ќе го покаже своето незнаење, веројатно реагирате бурно.

Обидете се да покажете разбирање во овие ситуации. Не можат сите да имаат исто знаење како вас.

7-znaci-deka-gi-zaplashuvate-drugite-so-vasheto-znaenje-04.jpg

Не поднесувате луѓе кои се жалат

Вие никогаш не барате изговори, па го очекувате истото и од другите. Секогаш сакате луѓето да се „соберат“ и да се справат со нивните проблеми, наместо да ви го трошат времето со жалење.

И во овој случај покажете разбирање и сочувство. Некогаш и вие треба да помогнете некому.

7-znaci-deka-gi-zaplashuvate-drugite-so-vasheto-znaenje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg