7 знаци дека ги заплашувате другите со вашето однесување
Си стоите на вашиот збор
Иако ова е добра одлика, понекогаш може да ги заплаши другите. Не сите можат да ги исполнат своите ветувања, па кога се споредуваат со вас, се чувствуваат лошо.
Имате отворен ум
За разлика од некои луѓе, вие сте секогаш отворени за нови знаења. И ова е позитивна одлика што може да направи да изгледате застрашувачки во очите на другите.
Причината е што новите искуства и знаења ги тераат луѓето да ја напуштат својата удобна зона, а не секој е подготвен на тоа.
Имате силна волја
Ако сте наумиле да направите нешто, ќе го направите без разлика на сè. Не ви е страв да останете и целосно сами, ако тоа значи дека ќе ја постигнете целта.
А, ако не успеете од прва, секогаш сте подготвени да се обидете повторно.
Како да го решите овој проблем?
Обидете се да ги земете предвид туѓите чувства пред да кажете нешто. Ако некој може да се справи со вистината, слободно кажете му ја.
Но ако знаете дека ќе повредите некој, подобро е да премолчите или да најдете друг начин да ги соопштите вестите.
Ако, на пример, треба да кажете некоја лоша новост, бидете искрени но понудете и поддршка. Ако треба да критикувате нечија работа, фокусирајте се на постапите на личноста, а не на неуспехот.
Покажете дека се грижите за таа личност и дајте ѝ совет како да се подобри.
Бидејќи сите луѓе се навикнати на „празни“ муабети, наместо да ги избегнувате, некогаш вие „скршете го мразот“. Прашајте го соговорникот за викендот или за времето и покажете дека можете да бидете пријателски настроени.
Кога ќе се соочите со некој кој има различни мислења, обидете се да не го навредите.
Одбранете ја вашата гледна точка, но немојте да ја понижувате личноста, без разлика дали е во право или не.
За крај, никогаш не заборавајте дека понекогаш луѓето имаат потреба да ги искажат своите чувства. Не секој може да ги скрие негативните емоции.
Наместо да критикувате некој кој ги споделил своите чувства, пружете му поддршка. На овој начин ќе добиете и нов пријател.
Спирова С. | Црнобело