„Чевлите беа на 50% попуст, овој фустан ми е стар“ - финансиското неверство постои и може да ви го уништи бракот

Дали сте слушнале за поимот „финансиско неверство“? Авторите на истражувањето го дефинираат како криење на финансиската состојба, односно сите ваши приходи, долгови и трошоци од својот партнер.

Finasiskoto-neverstvo-postoi-i-moze-da-vi-go-unisti-brakot-01.jpg

Доколку ја криете состојбата на вашата сметка во банката како и вашите долгови, ова е еден облик на неверство, особено доколку другиот партнер е мошне отворен за својата финансиска ситуација, односно кога станува збор за парите.

„Финансиското неверство негативно влијае на емоционалното и телесното здравје, еднакво е опасно за врската како и сексуалната афера. Расправиите околу парите денес се најчеста причина за развод. Со оглед на улогата на финансиите во одржување на стабилноста на брачната заедница на партнерите им се многу добро познати последиците од финансиското неверство“, изјавува професорката по маркетинг Џени Олсон.

Авторите на истражувањето напоменуваат дека доколку ги криете парите од партнерот или неконтролирано ги трошите, ова однесување создава дополнителни, непријатни ситуации.

Се зголемува бројот на паровите кои отворено зборуваат за своите навики во однос на трошењето, штедењето, долговите и идните планови кои се однесуваат на финансиите, а многу од нив бараат и специјализиран советник за овој тип на проблеми.

„Јасно е дека финансиското неверство претставува препрека на ефикасното планирање“, наведуваат експертите потврдувајќи дека треба да размислите пред да го излажете партнерот за цената на новите чевли, патики или што било коешто опфаќа трошење на пари и „цедење“ на заедничкиот домашен буџет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg