„Од денес веќе не пијам“ - природни лекови против мамурлакот во екот на празничните прослави

Во тек се предновогодишните прослави, а тие најчесто се синоним за добра забава и многу алкохол. Синоќа веројатно бевте на една и си поминавте одлично со пријателите, а многу веројатно е дека не се напивте ниту чаша вода во текот на целата вечер.

Prirodni-lekovi-protiv-mamurlakot-01.jpg

Денес лежите во креветот и мислите дека ќе умрете. Мамурлакот не ве пушта, имате желба да пиете само вода и ништо друго, додека се колнете во себе дека од денес веќе нема да пиете.

Ова ветување ќе го заборавите за неколку денови, но што може да направите за да ги олесните симптомите на мамурлакот?

Генерално потребни се помеѓу 8 и 2 часа за да исчезнат симптомите од мамурлакот, а тоа се разбира зависи од тоа што и колку сте пиеле. Според истражувањата, виновник за мамурлакот се токсините кои се добиваат кога се дестилира алкохолот. Доколку пијалакот е многу благ, тоа значи дека поголеми се шансите да има токсини.

Како да си помогнете после тешкото пијанство и страшниот мамурлак?

Вода

Многу е важно да пиете вода додека пиете алкохол. Особено пијте многу вода додека чекате да ви го донесат следниот коктел. Доколку не го следите ова правило, тогаш барем испијте колку што е можно повеќе вода додека ве мачи мамурлакот, за побрзо да го исперете телото од токсините.

Останати течности

Сепак, само водата не е доволна. Треба да пиете и течности богати со електролити. Кокосовата вода или бујон супата може да ги надоместат солта и калиумот што сте ги изгубиле.

Мрсна храна

Многумина тврдат дека јадење мрсна храна или пица може да помогне, доколку се консумира пред да почнете со пиење алкохол. Овој вид на храна ги подмачкува цревата и на алкохолот му е потребно повеќе време за да се апсорбира.

Prirodni-lekovi-protiv-mamurlakot-02.jpg

Шеќер

Според некои студии, фруктозата може да го забрза метаболизмот и побрзо да го испроцесирате алкохолот, а на тој начин да ја намалите шансата од мамурлак. Затоа треба да јадете шеќер додека пиете, а не претходно, бидејќи фруктозата брзо поминува низ метаболизмот.

Појадок

Не го прескокнувајте појадокот. Тој ќе ви помогне да го ревитализирате дехидрираното тело. Кога имате мамурлак, потребна ви е храна што лесно се вари, како на пример тост или житарки.

Ѓумбир

Илјадници години народот верува дека ѓумбирот може да го намали гадењето и повраќањето. Според истражувачите, комбинација од ѓумбир, кора од мандарина и кафеав шеќер, може да го намали гадењето и повраќањето ако се консумира пред да пиете алкохол.

Сон

Доколку можете да спиете додека сте мамурни, никако не ја пропуштајте шансата. Недостаток на сон не е причина за мамурлак, но може да го влоши мамурлакот. Сонот е начин да му дозволите на телото самото да се излекува.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg