Како се прославува Божиќ на Меѓународната вселенска станица? (фото)
Никој не сака да го помине Божиќ на работното место, но понекогаш немате избор. Особено ако работите во вселенска станица оддалечена повеќе од 400 километри од Земјата.
Но иако астронаутите се далеку од Земјата, тие знаат како да ја претворат работната атмосфера во празнична. Тие ја украсуваат станицата, китат елка, си даваат подароци, па дури имаат и празнична вечера.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од божиќните прослави на Меѓународната вселенска станица:
Елката е неопходна
Веќе со години астронаутите китат вештачка елка на станицата.
Некогаш треба да импровизираат
Ова е новогодишната елка на станицата од 1973-та година. Ја направиле тројца астронаути, користејќи празни садови за храна.
Правење колачиња во нулта гравитација
Во ноември годинава, астронаутите добија специјално дизајнирана „вселенска рерна“. Ова им овозможи да експериментираат, но и да си направат колачиња.
Сепак, од НАСА изјавија дека астронаутите ќе направат само 5 експериментални колачиња, но нема да ги јадат.
Астронаутите имаат и божиќна вечера
Се разбира, невозможно е да зготвите цела вечера на станицата, но астронаутите добиваат однапред приготвен оброк.
Во 2018-та, екипажот го прослави Божиќ со чадено мисиркино месо, пченка, грашок, макарони со сирење и компири. Имаа и десерт – јагоди, пудинг и колачиња со путер.
Вечерата им беше испратена неколку недели пред Божиќ, со леталото SpaceX Dragon.
Што се јадеше оваа година?
Наводно, годинава астронаутите прославиле со мисирка, портокали, путер од кикиритки, колачиња од ѓумбир, сирење, овошна торта и кисели краставички.
И чорапите се дел од декорациите
Големите чорапи за подароци станаа неизбежен дел од прославувањето на станицата.
Поради недостатокот од гравитација, астронаутите нема потреба да ги закачуваат.
На божиќното утро астронаутите ги пречекуваат подароци
Денот пред Божиќ до станицата се испраќаат подароци од семејството и пријателите на екипажот.
Понекогаш оваа пратка се прави уште во ноември, а годинава подароците пристигнаа на станицата на 8-ми декември.