Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто е тешко да ги исполните новогодишните одлуки?

Ретко кој не си поставува новогодишни одлуки на крајот од секоја година.

zoshto-e-teshko-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-01.jpg

Овој период сите се инспирирани за промена и си поставуваат секакви цели за претстојната година, но речиси никој не се држи со нив.

Дури и науката потврдува дека новогодишните одлуки речиси никогаш не се исполнуваат.

Според една анкета, 4 од 5 луѓе кога-тогаш ќе се откажат од новогодишните одлуки. Друга анкета покажува поголема „стапка на успех“, но и двете доаѓаат до заклучок дека речиси третина од новогодишните одлуки се забораваат уште во февруари.

Друго истражување, пак, покажало дека помалку од 10% од новогодишните одлуки навистина се исполнуваат.

zoshto-e-teshko-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-01.jpg

Па, која е причината за ова и како во 2020-та да им останете доследни на целите за новата година?

Значајната промена не е инстантна

Не е ништо ново дека најчестата новогодишна одлука е ослободување од лошите навики. Без разлика дали станува збор за пушење, пиење, лоша исхрана и слично, менувањето на лошите навики е желба на сите.

Но, проблемот е што луѓето го потценуваат времето потребно да се ослободат од лоша навика. Се смета дека за ова се потребни околу 3 недели.

Истовремено, важно е да знаете дека лошата навика ќе треба да ја замените со нова. А, за да усвоите некоја нова навика ќе ви бидат потребни барем 66 дена.

Па доколку во 2020-та сакате да се ослободите од лошите навики, земете го предвид и времето што ќе ви биде потребно за тоа.

zoshto-e-teshko-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-02.jpg

Подобро исполнете една цел до крај, наместо 10 до половина

Лесно е да се мотивирате овој период и да направите огромна листа со обврски и цели.

Повеќето од целите што си ги поставуваат луѓето бараат многу труд и посветеност, па кога ќе ви се соберат повеќе, лесно е да се откажете од сите.

Најдобро е да одберете една цел и да ѝ се посветите само неа. Нема потреба од мултитаскинг. Секогаш е подобро да завршите една работа до крај, наместо да започнете 10, а потоа да ги заборавите.

Не мора целосно да се откажете од нешто

Ако целта ви е да престанете да пиете кафе, немојте веднаш целосно да се откажете од него. На овој начин само ќе си го отежнете процесот.

Секогаш е подобро постепено да намалувате со пиењето кафе (или пиењето алкохол, пушењето цигари и слично), и на крај да се ослободите од лошата навика.

zoshto-e-teshko-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-03.jpg

Нема скратен пат

Лесно е да се откажете ако се фокусирате само на целта, а не на самиот процес. Патот до целта е многу поважен и нема начин да го скратите.

Наместо секој ден да мислите на целта, обрнете внимание на она што треба да го направите денес.

Ако, на пример, сакате да почнете со трчање, не размислувајте колку ќе треба да трчате утре или следната недела. Едноставно, денес излезете и завршете ја таа обврска.

Мотивацијата не трае вечно

Никој не е мотивиран 365 денови во годината. Всушност, периодот после празниците речиси сите ја губат мотивацијата што ја имале на крајот од годината.

Пред вас има цела година, а животните промени бараат огромна дисциплина. Па, научете да ги завршувате обврските дури и кога не сте мотивирани.

Многу подобро е да си поставите помали дневни или неделни цели, за почесто да го чувствувате задоволството од завршената работа.

По некое време ќе ја стигнете и големата цел, без воопшто да забележите.

zoshto-e-teshko-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-04.jpg

Што да правите?

Ако навистина сакате да направите промена, нема потреба да го чекате јануари. Уште денес фатете се за работа, а доколку ви е потребна помош, ќе ви се најдат следниве совети:

- Не си создавајте голем притисок и поставете си пореалистични цели. На овој начин нема да изгубите волја и без разлика колку е мала, кога ќе ја постигнете целта сигурно ќе се чувствувате подобро.

- Пред да си ги поставите целите, размислете што сакате да правите, а не што треба да правите. Ова може да направи голема разлика. Фокусирајте се на нештата што ги сакате, а не на нештата што мислите дека треба да ги сакате.

- Делувајте. Наместо да си кажувате и да се убедувате дека нема да гледате телевизија, туку ќе вежбате, преземете нешто. Уште денес запишете се во теретана и одете без изговори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg