10 важни научни изуми зад кои стојат жени
Доста често слушаме за изумителите кои вистински го промениле светот, како браќата Рајт и Томас Едисон.
Но, многу ретко им даваме признание на жените кои придонеле многу за нашиот технолошки развој.
Од безбедносни кациги за мотори, па сè до појасни рендгенски снимки, ова се изумите што го променија светот, а зад кои стојат жени.
Греј Муреј Хопер – Програмскиот јазик Cobol
Во 1950-тите, компјутерите почнаа да се користат за воени цели, но постоел проблем бидејќи многу модели функционирале со различни програмски јазици.
Во 1955-та година, Греј Хопер направила еден од првите компајлери – алатка што ги „преведува“ англиските зборови во машинскиот код што го „разбираат“ компјутерите.
Кога Одделот за одбрана на САД го открил нејзиното истражување, тие составиле тим кој го создал Common Business-Oriented Language, денес познат како програмскиот јазик COBOL.
Стефани Кволек – Кевлар
Во 1960-тите, хемиската компанија DuPoint се обидувала да најде полесна алтернатива за челикот за зајакнување на автомобилските гуми. Тогаш Стефани почнала да соработува со тим од компанијата и експериментирала со неколку материјали.
Кога го открила материјалот за кој мислела дека е погодна замена за челикот, на почетокот била пречекана со сомнеж од нејзините колеги. Но, откако го тестирале материјалот, се открило дека неговите влакна се посилни од што било што виделe дотогаш.
Подоцнежните тестирања покажале дека овој материјал е отпорен на оган и корозија и дека е речиси 5 пати посилен од челикот. Со текот на времето, материјалот станал познат како кевлар.
Материјалот на Стефани се користи и за штитовите на полицајците и војниците, но и за безбедносните кациги.
Маргарет Најт – Машина за хартиени кеси
Маргарет рано се отпишала од училиште за да работи во фабрика за памук.
Нејзината кариера како изумител започнала кога имала само 12 години, односно кога сведочела на инцидент во фабриката, каде што еден работник настрадал од една од машините. Ова ја натерало Маргарет да измисли безбедносна направа, што подоцна почнале да ја проверуваат и другите фабрики.
Во 1867-ма година Маргарет почнала да работи во Columbia Paper Bag Company, а следната година измислила направа што правела кафеави хартиени кеси.
Маргарет направила дрвен прототип на машината, но ѝ требал железен модел за да може да аплицира за патентирање на изумот.
Иако на почетокот идејата на Најт била украдена, во 1871-ва таа го добила нејзиниот патент.
Мери Андерсон – Бришачи за автомобил
Додека се возела низ Њујорк, Мери забележала дека прегледноста на возачот е намалена поради снегот и дождот што се лепеле на автомобилското стакло.
Набрзо потоа, таа најмила дизајнер и со една компанија почнал да развива направа што се управува рачно, а со која можат да се чистат автомобилските стакла.
Иако и претходно имало обиди за вакви направи, моделот на Мери бил првиот ефикасен бришач за автомобил.
Во 1922-ра, компанијата Cadillac ги искористила бришачите на Мери за нивните автомобили, но таа не добила ни денар од заработката.
Барбара С. Аскинс – Авторадиограф
Откако магистрирала на Универзитетот во Алабама, хемичарката и физичарка Барбара била најмена од НАСА. Овде таа работела на метод што ќе го подобри квалитетот на фотографските негативи, користејќи радиоактивност.
Резултатот бил авторадиограф – направа што го зголемува контрастот и што ги прави невидливите делови од фотографијата видливи.
Авторафиографот на Барбара ја подобрил видливоста на рендгенските снимки, а им помага и на астрономите да прават подобри вселенски фотографии.