39 сопруги и 94 деца – Кои се најголемите семејства во светот?
Како ви звучи да имате речиси 20 деца?
Возрасните се „програмирани“ да бидат привлекувани од слатките бебешки лица, а изгледа дека на некои луѓе никогаш не им е доста од нив.
Можеби сте слушнале за семејства со 3, 5, па дури и 10 деца, но семејствата во продолжение се многу поголеми од тоа.
Семејството Зиона
Зиона бил роден во Индија, а на 17 години се венчал со неговата прва сопруга.
Овој маж го има едно од најголемите семејства во светот со 39 сопруги и 94 деца.
Секој ден, семејството јаде и до 90 килограми ориз и 60 килограми компири. Тие живеат во зграда со 100 соби, имаат фарма и одгледуваат овошје и зеленчук.
Семејството Бејтс
Ова е американско семејство со 19 деца.
Родителите Џил и Кели Џо биле во почетокот на 20-ите години кога решиле да се венчаат. Интересно е што никогаш не сакале големо семејство, но откако им се родило првото дете, им се променило мислењето.
Покрај 19-те деца, тие имаат и 10 внуци, а очекуваат 4 „нови“.
Семејството Хан
Ова е можеби најголемото семејство во Шкотска.
Ема и Рој имаат 13 деца, на возраст од 2 до 25 години. Рој работи како медицинско лице, а Ема се грижи за домаќинството и за децата кои во една недела јадат 21 векна леб, 5 големи кутии житарици и пијат околу 25 литри млеко.
Семејството Радфорд
Ноел и Сју Радфорд се запознале кога биле деца, а не чекале долго да го започнат семејството. Ноел имал 18, а Сју само 14 години кога го добиле нивното прво дете.
Ова е најголемото семејство во Британија со 21 дете, а Сју е бремена и очекуваат уште едно.
Тие живеат во голема куќа која претходно била дом за стари лица, а родителите имаат и пекара.
Семејството Дугар
Џим и Мишел се запознале во 1980-та, во Арканзас. Четири години подоцна, 19-годишниот Џим и 17-годишната Мишел се венчале. Сакале да почекаат за семејство, па првото дете го добиле во 1988-ма.
До денес, тие имаат 19 деца, а се баба и дедо на 17 внуци.
Семејството Бонел
Џени, Рој и нивните 16 деца го сочинуваат едно од најголемите семејства во Австралија.
Џени, која денес има 50-тина години, на почетокот воопшто не сакала деца. Но, нејзиниот сопруг имал други планови.
Покрај 16-те деца, тие имаат и неколку внуци, а според Џени, сите помагаат во домашните обврски.
Спирова С. | Црнобело