Според типот на неред во домот – од каков комплекс страдате?

Ако мислите дека никој не обрнува внимание на нередот кога доаѓа на гости – се лажете, а тоа дури и открива каква личност сте и кои комплекси се кријат во вас.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-01.jpg

Иако постојат и такви луѓе кои нема да се загледаат во нередот кој го имате во домот, сепак тоа може да открие многу за вас.

Според психолозите, различни типови на неред во различни делови од домот може да означуваат нешто за вашиот карактер, односно за комплексите кои се кријат длабоко во вас.

Погледнете кои типови на неред постојат и што значи тоа за вас:

Неред во ходникот

Нередот пред влезната врата и во ходникот од домот најчесто укажува на страв од комуникација кај личноста. Со оставањето кеси, чадори и чевли насекаде во овој дел од домот, личноста става блокада пред себеси. Овие луѓе имаат проблем со запознавање нови пријатели, а големи групи луѓе им прават непријатно чувство. Тие може и да патат од хроничен замор и да им е потребен одмор.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-02.jpg

Неред во кујна

Купиштата валкани садови и неизмиени кујнски апарати може да укажуваат на емоционална нестабилност. Можно е сопственикот на таквиот дом да страда од анксиозност или депресија. Ако е тоа така, значи дека оваа личност постојано се бори со себе и се присилува за да направи дури и едноставни работи како туширање или миење садови. Друга веројатност е дека оваа личност е нарцисоидна и не размислува на иднината, па често ги одложува обврските.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-03.jpg

Неред на полици и фиоки под маса/биро

Хаосот скриен во фиоки и под биро, додека површината на домот изгледа чисто, означува дека сопственикот е до некаде перфекционист. Овие луѓе сакаат работите да изгледаат совршено, но имаат нереални очекувања што понекогаш ги разлутуваат ако не се остварат. Токму затоа, најлесно им е да направат блескава површина, а нередот се обидуваат да го сокријат.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-04.jpg

Неред околу работната маса

Биро покриено со премногу работи и секакви додатоци во околината укажува на креативна и незрела личност. Доколку пак, на работната маса и во околината има исто така премногу работи, но тие се подредени во групи, тогаш станува збор за организирана личност која сака сè да е под конец. Овие луѓе може да патат од анксиозност и желба да контролираат сè.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-05.jpg

Неред на креветот

Личноста чиј кревет е претрупан со облека, козметички производи, електронски уреди, па дури и храна или садови, може да се соочува со проблеми од приватниот живот. Може да станува збор за кавга со некој близок, раскинување или влошени односи, па развиваат лоши навики за да се оттргнат од проблемите. Исто така може да се работи и за личност која е осамена и е очајна за љубовна врска. Просторот за спиење е неуреден бидејќи не го доживува како нешто романтично.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-06.jpg

Неред околу прозорците

Прашината на прозорците и замачканите стакла може да создаваат штит помеѓу личноста во домот и надворешниот свет. Недостатокот на желба оваа личност да се ослободи од тој штит може да укажува на депресија или неспособност да гледа кон иднината. Овие луѓе живеат во минатото и се многу чувствителни.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-07.jpg

Неред на тераса или во гаража

Многу луѓе чуваат некорисни работи, складирани на тераса или во гаража. Ова е знак за страв – луѓето се исплашени дека може да изгубат нешто или сè, па постојано собираат непотребни работи бидејќи тоа им помага да се справат со стравовите, добивајќи лажна претстава за безбедност. Одбивањето да се ослободат од овие работи се знаци на анксиозност и неспособност за носење одлуки.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-08.jpg

Неред низ целиот дом

Луѓето кои домот не го гледаат како простор кој треба да биде среден, туку фрлаат облека, хартии и храна насекаде, најчесто се многу зависни од туѓото мислење. Столици натрупани со облека, чорапи во ќошињата и испрана облека со денови не се враќа на место – одложувањето на рутинските задачи може да укажува на пасивна агресија. Причината за нередот е лутина која личноста се обидува да ја надмине.

spored-tipot-na-nered-vo-domot-od-kakov-kompleks-stradate-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg