Островот на куклите - најморничавата атракција која зад себе крие вистинита приказна
Приказната за островот кој навидум изгледа како една нереална и морничава фантазија од хорор филм, сепак е вистинита.
Островот на кукли познат како La Isla de las Munecas се наоѓа во каналите на Хочимилко, јужно од центарот на Мексико Сити и е една од главните атракции.
Според легендата што кружела на подрачјето каде што се наоѓа овој остров, пред повеќе од педесет години на нејзиниот брег е пронајдено телото на една девојка, кое било уништено под околности што сè уште не се разјаснети.
Во нејзина чест куклите се обесени на гранките од дрвјата, за кои многумина веруваат дека сега се чувари на духот на починатото девојче.
Многу посетители на островот слушнале легенди за кукли што вртат глави, ги движат рацете и нозете, ги отвораат и затвораат очите, па дури и шепотат.
Всушност, оваа приказна е произлезена од Хулијан Сантана Барера. Човек кој ги оставил сопругата и детето и се преселил на островот на езерото Тешуило.
Според некои, таму тој пронашол една млада девојка која се удавила во езерото, додека повеќето, вклучувајќи ги и неговите роднини велат дека Хулијан Сантана си ја замислувал девојката.
Сепак, приказната на Хулијан е следната:
Tој го пронашол телото на починатата девојка, а бргу потоа видел дека нејзината кукла лебди. Ја земал и ја обесил на дрво за да покаже почит кон девојчето.
Потоа започнал со собирањето на кукли и оттука започнала неговата опседнатост.
Хулијан закачил повеќе од 1.500 кукли од кои повеќето биле пред распаѓање, а некои од нив биле сосема распаднати, без глава или некои други екстремитети.
Неговите пријатели и семејство тврдат дека од моментот кога го пронашол телото на девојката, се сменил во целост.
Половина век тој собирал кукли и ги обесувал на гранки, верувајќи дека духот на една девојка што тој не успеал да ја спаси е во нив.
По педесетгодишна опсесија, Хулијан Сантана во 2001 година бил пронајден мртов, односно удавен.
Водата го исфрлила неговото тело точно таму каде што тој го пронашол телото на девојчето, пред многу години.
Многумина веруваат дека духот на Хулијан се придружил на атмосферата на островот.
Од неговата смрт, Островот на кукли се здоби со неверојатна популарност.
За него се објавени голем број натписи во весниците, снимени се многу телевизиски емисии, а секојдневно се зголемува и бројот на туристи кои ентузијастички ја шетаат шумата.
Интересно е што сите со себе носат кукли што ги закачуваат и велат дека се фасцинирани од морбидниот спектакл.
Мила М. | Црнобело