Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првата божиќна реклама на IKEA ве охрабрува да се „отсрамите“ пред гостите во празничната сезона (видео)

IKEA за првпат објави божиќна реклама, наречена „Silence the Critics“, во која ги охрабрува луѓето да си го „обноват“ домот и да го избегнат срамот пред гостите во празничната сезона.

prvata-bozhikjna-reklama-na-ikea-ve-ohrabruva-da-se-otsramite-pred-gostite-vo-praznichnata-sezona-video-01.jpg

Знаеме дека почнува празнична сезона, кога брендовите ќе ги објават божиќните реклами, а официјално - сезоната започна, иако многумина не се чувствуваат така.

Најчесто божиќните реклами на големите светски брендови се полни со емоции, но шведската компанија IKEA, како и секогаш, се фокусира на функционалност и секојдневие, а додава и доза на хумор во својата прва празнична реклама.

Рекламата прикажува семејство кое живее во мал стан, кога на жената ѝ стига порака од пријатели кои се најавуваат на вечера. Таа почнува да го разгледува стариот и несреден дом и да се двоуми, а одеднаш, сите предмети „оживуваат“ и почнуваат преку забавна песна да му ја укажуваат на семејството лошата состојба на станот – од уништен мебел до распукани ѕидови.

Тогаш семејството одлучува да преземе нешто и да ги „замолчи критичарите“ еднаш засекогаш, па на стариот дом му даваат нов изглед со мебел и додатоци од IKEA, по што истиот добива топла, празнична атмосфера.

Погледнете ја првата божиќна реклама на IKEA:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg