Топ 10 најчести машки имиња во Македонија и нивното значење
Дали мислите дека вашето име е на листата најчести имиња во Македонија? Може да проверите колку пати се појавува вашето име, а во листата во продолжение одбравме 10 најчести машки имиња.
Илија, Петар, Горан и Александар се најдоа на листата со имиња кои најмногу се повторуваат кај припадниците на машкиот пол во Македонија.
Според Државниот завод за статистика, одбравме неколку женски и машки имиња што сметаме дека се најчести и проверивме колку пати се повторуваат, според последната состојба на 31.12.2018.
Во продолжение погледнете листа од топ 10 имиња подредени од најретки кон најчести и откријте кое е нивното значење:
Илија се појавува 7438 пати
Името има хебрејско потекло и има значење „Јехова е мој Бог“. Во народното верување пак, Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го контролира дождот.
Јован се појавува 7829 пати
Името потекнува од грчкото име „Ioan, Ioannes“, а зборот од кој изворно потекнува името, значи „Бог е милостив“.
Мартин се појавува 8054 пати
Изведено е од римското презиме „Martinus“, кое има потекло од римскиот бог на војната – Марс. Луѓето со ова име најчесто имаат големи лидерски способности.
Игор се појавува 8263 пати
Името потекнува од староскандинавскиот „Ingvar“ – од „Yngvi“, име на скандинавскиот бог на плодноста + зборот „varr“ кој означува „чување, штитење“. Значењето на името се толкува како „борец (за мир), војник“.
Петар се појавува 9236 пати
Името има грчко потекло, изведено од зборот „petros“ кој значи „камен, карпа“, па значењето на името се толкува како „непоколеблив, одлучен, цврст како карпа“.