Тортата за која една невеста дала 160 долари - Дали вие би дале пари за вакво нешто?
Една гневна мајка решила да сподели фотографија од свадбената торта што ја порачала нејзината ќерка. Наводно, тортата воопшто не изгледала како тоа што го порачале, во неа имало стапчиња за ражничи и била украсена со светки што не се јадат.
Лорејн Гејнор која потекнува од Шкотска, но денес живее во Шпанија, била целосно разочарана од свадбената торта на нејзината ќерка Гема Мурдок.
Гема платила 160 фунти за торта на три ката и испратила слика до слаткарницата за тортата што сакала да ја добие. Тортата била доставена на венчавката неколку минути откако Лорејн си заминала, а слаткарот ги земал парите од рецепција.
Но, кога мајката го видела крајниот резултат, била ужасната.
За среќа, хотелскиот готвач ја спасил ситуацијата – купил друга торта и ја украсил.
Лорејн и нејзината најдобра пријателка ја споделиле фотографијата на Facebook, па веста брзо се расчула.
Наводно, после објавата, слаткарницата одговорна за тортата ја избришала својата Facebook страница.
Многу луѓе, пак, коментирале дека од слаткарницата објавувале фотографии од торти што не се направени од нив, па на тој начин ги мамеле потрошувачите.
Спирова С. | Црнобело