Автоматите во Јапонија - уникатни како на ниту едно друго место (фото)
Фотографите често наоѓаат убавина во секојдневните предмети. За Тим Ејсли, тие производи биле автомати за храна и пијалаци.
„Беше многу жешко лето и се сеќавам колку бев воодушевен што можев да купам ладен безалкохолен пијалок или пиво од дизајнирани автомати коишто беа распослани на скоро секоја улица.
Отсекогаш со нетрпение ги очекував на секое следно патување , каде и да отидев и завршував со многу различни импресии, но не приближни како во Јапонија“.
На последното патување, фотографот со седиште во Лондон одлучил да фотографира некои од неговите омилени.
„Ја задржав камерата со мене и барав автомати насекаде каде што одевме“, вели тој. Сакав да ги фотографирам во нивните природни положби и да покажам колку се присутни и интегрирани во јапонското општество“.
Во продолжение Ви приложуваме низа од разновидните фотографии на Тим Ејсли:
Мила М. | Црнобело