Брат и сестра – Најсилната поддршка и потпора во животот
Во детството можеби се сложуваат како мачка и куче, но уште тогаш, нивната љубов е силна и нежна. Поразлична од која било.
Братот и сестрата се сакаат на најпосебен начин, дури и кога гласно се расправаат и се однесуваат како да се најголемите ривали.
Оние кои ја немаат таа привилегија, можат само да им завидуваат.
Според психолозите, односот помеѓу братот и сестрата во детството, може да биде пресуден за нивните врски во иднина.
Љубовта помеѓу братот и сестрата е специфична и минува низ повеќе фази. Во раното детство, доминираат нетрпеливоста и љубомората, најмногу бидејќи децата се борат за вниманието на родителите.
Девојчињата често се понежни, па возрасните се блиски со нив. Ова, пак, предизвикува гнев кај машките, кои се обидуваат да ја прикажат сестрата како негативец.
Овој период, машките се обично груби, не сакаат да се дружат со сестрата, можат да ја повлечат за коса, да ѝ уништат некоја играчка или да ѝ речат дека е досадна.
Проблемот е што за девојчињата, ова е стресно. Ги боли што брат им се однесува така, не сакаат да си играат со него, а понекогаш и плачат.
Сепак, и девојчињата не се совршени.
Понекогаш девојчињата ги клеветат нивните браќа и прават сè што ќе им речат родителите, само за да ја добијат нивната наклонетост.
Слично се случува и во пубертетот – браќата и тогаш не сакаат да се дружат со нивните сестри. Овој период, оддалеченоста може да биде уште поприсутна.
Единствената разлика сега е што девојчињата се посилни, па често го возвраќаат ударот.
Овој период и тие го игнорираат нивниот брат и не се обидуваат да му го привлечат вниманието.
На овој начин, тие се справуваат со нивното ривалство, а понекогаш ова е причината што едното дете е мирно и смирено, а другото бунтовно.
Но неретко, токму родителите несвесно инсистираат на ова. Ќерките ги третираат како нежни личности, а синовите како херои, па самите деца почнуваат да се гледаат како различни.
Сепак, со текот на времето, братот и сестрата сфаќаат дека нивното пријателство е најважно.
Почнуваат да излегуваат заедно, да слушаат иста музика, да создаваат заеднички пријатели…
Браќата се отсекогаш заштитнички настроени кон нивните сестри. Како што растат, ова станува сè поизразено. Сестрите, пак, знаат дека има кој да ги заштити и се чувствуваат безбедно.
Токму поради ова, братот може да биде подобар и од суперхерој.
Сестрите од друга страна, секогаш ќе бидат најголема поддршка на нивниот брат. Нивната љубов навистина е безусловна.
Блискоста помеѓу браќата и сестрите само се зголемува подоцна во животот, кога ќе останат без родителите. Ова е период кога уште повеќе се грижат еден за друг.
Иако имаат разни семејства и разни животи, братот и сестрата се секогаш овде еден за друг. Нивната љубов е посебна и не може да се спореди со ништо друго.
Советите на психолозите се родителите никогаш да не заземаат страна. Исто така, родителите не би требало да се обидуваат да ги зближат синот и ќерката по секоја цена. Ова може да има го има спротивниот ефект.
Не треба да инсистирате вашите син и ќерка да се согласуваат за сè, ниту па да ги казнувате ако се игнорираат.
Дозволете им да се сакаат и да се расправаат, но, се разбира, не дозволувајте им да се повредуваат.
Како што напоменавме, никогаш не заземајте страна и секогаш ценета ја рамноправноста. Ова е единствениот начин на којшто ќе се зближат.
Спирова С. | Црнобело