Сите убави спомени врзани за водниот мемориски систем - какви тајни крие водата?
Сите ние знаеме дека водата претставува живот. Без неа, ниту една телесна функција не е возможна.
Но дали некогаш сте се запрашале какви тајни крие магичниот напиток без кој не би можеле ниеден ден?
Дали навистина водата има меморија и свест?
Дали е можно таа да функционира како компјутерска РАМ меморија, вбризгувајќи ја во својот мозок секоја интеракција што се случува во најблиската околина?
Леонардо да Винчи рекол: Водата е движечка сила на природата. Навистина, нема да има живот без вода. Но какви тајни крие овој неверојатен дел од природата?
Прашања кои само водата може да ги одговори...
Научниците заклучија дека секојa воденa структура е уникатна и не може да биде целосно објаснета, согласно законите на природата. На пример, водата е единствениот хемиски состав кој може да егзистира во три форми: течна, цврста и гасовита.
Водата има меморија
Непредвидливото однесување на водата ги загрижи научниците во 50-тите и 60-тите.
Во неможност да објаснат серија од непријатни инциденти на научници и разузнавачи кои својот живот го завршија пиејќи вода, дојдоа до откритие кое само по себе е необјасниво: водата има меморија.
Со некои необјаснети механизми, водата успева да зачува информација, слично како компјутер!
Во следните години, во серија од експерименти во разни земји на светот, се покажа дека водата прима и го зачувува секое надворешно влијание.
Чува и памти сè што се случува во околината која ја опкружува и сè што доаѓа во контакт со неа и остава траг.
Меморијата на водата нè прави носталгични
Тргнувајќи од фактот дека човечкото тело се состои од 70 проценти вода, доаѓаме до заклучок дека всушност носталгичноста е тесно поврзана со водата и нејзината меморија.
Сите убави спомени се врзани за водниот мемориски систем, кој носталгично нè поврзува со некое место.
Структурата на водата е под влијание од нашите емоции
Научни испитувања покажаа дека водата, не само што има меморија но и нејзината структура е под влијание од човечките емоции.
Водните молекули ја менуваат својата позиција во зависност дали има допир со позитивни или негативни емоции. Структурата на водата е поважна од нејзиниот состав.
Научниците утврдија дека водните молекули се однесуваат како мемориски клетки и ја снимаат цела историја на интеракција со надворешниот свет.
Најверојатно фактот дека некои места ги сметаме за прогонувани или проколнати е поради тоа што во нивна близина има некоја река,море или било каква друга водена површина. Можеби водата ги заробува душите, сеќавајќи се на околностите околу смртта на луѓето и не ги пушта да си одат.
Само запомнете дека човечкото тело е 70 проценти вода, така што во иднина размислете добро неколку пати какви емоции ќе и пренесете вие и вашето опкружување.
Мила М. | Црнобело