Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто вербалното малтретирање е еднакво болно колку и физичкото?

Вербалното малтретирање може да биде причина за злоупотреба на наркотици и лекови

Бидејќи ова малтретирање ја уништува самодовербата, жртвите се чувствуваат како да не се сакани и почитувани. Ова ги тера да се прашуваат каде погрешиле и неретко страдаат во тишина.

Поради очајот, жртвите можат да почнат да бараат утеха во алкохол, лекови или наркотици. Овие супстанци им даваат краткотрајно „олеснување“, но често предизвикуваат и зависност.

Вербалното малтретирање може да предизвика ужасни главоболки

Знаевте ли дека луѓето кои како деца биле жртви на вербално и емоционално насилство, имаат 4 пати почести главоболки?

Исто така, вербалното малтретирање предизвикува посилни и почести главоболки од физичкото.

zoshto-verbalnoto-maltretiranje-e-isto-bolno-kolku-i-fizichkoto-04.jpg

Болката е болка

Болката е болка, без разлика дали е физичка или емотивна. А, доколку не ѝ се спротивставите на личноста што ве малтретира, ќе продолжите да бидете жртва.

Истражувањата покажале дека луѓето кои биле жртви на малтретирање во детството, имале 36% поголеми шанси да бидат малтретирани од нивниот партнер.

Во најлош случај, и вие ќе почнете да малтретирате

Најлошото нешто е што вербалното малтретирање може да ве натера и вие да се однесувате така.

Причината за ова е механизмот за справување со малтретирањето на жртвите.

Истовремено, децата кои биле жртви на насилство имаат поголеми шанси да се вплеткаат во криминал.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg