Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто вербалното малтретирање е еднакво болно колку и физичкото?

Дури 50% од мажите и жените се соочиле со агресивно однесување од нивниот партнер. Околу 20% од жените, барем еднаш добиле закана за физичко насилство од нивниот интимен партнер.

zoshto-verbalnoto-maltretiranje-e-isto-bolno-kolku-i-fizichkoto-01.jpg

40% од сите луѓе, пак, имаат искусено некаков вид контрола од нивниот партнер.

Доколку овие бројки не ве заплашуваат, имајте на ум дека вербалното малтретирање е исто, а понекогаш и поштетно од физичкото.

Погледнете зошто е тоа така:

Болката од вербалното малтретирање трае цел живот

Ако си ја скршите раката, откако ќе помине болката, сигурно ќе заборавите на неа. Но, болката од понижувањето од партнерот е тешко да се заборави.

Дури и науката има покажано дека емоционалната болка од вербалното малтретирање, може да ја прогонува жртвата цел живот.

Уште поголем проблем е што самото присетување на настанот може да ве натера одново да ја почувствувате болката.

Вербалното малтретирање ја уништува самодовербата и создава проблеми со менталното здравје

Ако некогаш сте биле жртва на вербално малтретирање, без разлика дали од пријател, родител или партнер, сигурно знаете дека ова искуство останува со вас.

Вербалното малтретирање може да ја уништи вашата самодоверба. Неретко, жртвите на овој вид малтретирање ја губат почитта кон себе и мислат дека не се доволно вредни.

zoshto-verbalnoto-maltretiranje-e-isto-bolno-kolku-i-fizichkoto-02.jpg

Семејството и пријателите не секогаш ја разбираат штетата

Физичкото малтретирање често остава и белези кои некој ќе ги види. Истовремено, доколку на улица некој физички напаѓа некој друг, голема е веројатноста да понудите помош.

Но, кога станува збор за вербално малтретирање, ретко кој ќе истапи да помогне.

Всушност, истражувањата потврдиле дека луѓето се сочувствуваат со туѓата физичка болка, но речиси секогаш го потценуваат емоционалното страдање.

Може да предизвика и нарушувања во исхраната

Емоционалното малтретирање може да биде причина за многу нарушувања. Проблемот е што најверојатно, нема да го поврзете трауматичното искуство со проблемот, па нема да го откриете неговиот корен.

Жртвите на вербално малтретирање имаат тешкотии при искажувањето на емоциите, па ова води до импулсивно однесување. Ова, пак, често е поврзано со нарушувања во исхраната, како прејадување.

zoshto-verbalnoto-maltretiranje-e-isto-bolno-kolku-i-fizichkoto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg