Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е просечниот животен век на луѓето и зошто не живееме подолго?

Знаевте ли дека во поголемиот дел од изминативе два века, животниот век на луѓето се зголемувал, и тоа со навистина брзо темпо?

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-01.jpg

Во минатото, односно во текот на 1840-тите, просечниот животен век на луѓето бил 40-тина години.

Во раните 1900-ти, во текот на викторијанската ера, исхраната на луѓето се подобрила. Покрај тоа, почнало да се обрнува внимание на хигиената, животните услови се подобриле и бил развиен санитарниот систем.

Благодарение на сето ова, просечниот животен век се зголемил на 60-тина години.

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-02.jpg

Во текот на 20-тиот век, настанал уште еден напредок. Медицината напреднала и се појавиле вакцините.

Најновиот напредок е забележан во 70-тите години од минатиот век, а најголемите причини за него се напредокот на медицината и начинот на лекување, особено на пациентите кои доживеале мозочен удар или инфаркт.

До почетокот на 21-иот век, просечниот маж живеел 75 години, а жената 80. Овој тренд продолжил, па на приближно секои четири години се додавала уште една година во просечниот животен век.

Но одеднаш, овој тренд забавил и речиси целосно запрел во 2011-та година. Па, која е причината за ова?

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-03.jpg

Девијација или долгорочен тренд?

Најпрво научниците верувале дека станува збор за девијација. 2015-та година била исклучок, кога бројот на смртни случаи драстично се зголемил, особено во текот на зимата кога низ целиот свет имаше грип.

Но, денес станува јасно дека се случило нешто повеќе од аномалија.

Според последните податоци на Националниот завод за статистика за 2016-2018 година, последиците од тешките зими се исклучени. Во меѓувреме бил забележан и мал напредок. 

Сепак, бројките се многу пониски отколку во минатото. Според сегашните податоци, најверојатно ќе треба да поминат 12 години, пред да се „додаде“ уште една година на просечниот животен век.

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-04.jpg

Дали ја стигнавме „горната граница“?

Голем број научници сметаат дека после толку напредок, луѓето конечно ја достигнале горната граница на животниот век.

Најстарата личност која некогаш живеела била 123-годишната Жана Калман од Франција, но таа живеела пред повеќе од 20 години.

Според некои истражувања, горната граница на просечниот човечки животен век е околу 115 години.

Други, пак, не се согласуваат со ова. На пример, американскиот генетичар Дејвид Синклер, смета дека со подобрување на гените, луѓето би можеле да живеат и многу подолго од Жана Калман.

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-05.jpg

Исто важно е да се напомене дека во минатите неколку децении, немало некои големи медицински откритија. Денес луѓето можеби не умираат од болестите од минатото, но овие болести се заменети со други.

За луѓето кои успеале да преживеат инфаркт или мозочен удар, па дури и рак, се забележало дека имаат поголеми шанси да умрат од деменција. 

Медицинската заедница се обидува да открие како да го спречи развојот на овие болести, но просечниот животен век стои во место.

Заводот за јавно здравство на Англија, пак, смета дека и сиромаштијата има големо влијание врз животниот век, што значи и таа има некоја улога.

Па, изгледа останува да чекаме и да видиме дали некогаш ќе живееме многу подолго.

koj-e-prosechniot-zhivoten-vek-i-zoshto-ne-zhiveeme-podolgo-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg