10-те најскапо продадени фотографии на сите времиња
To Her Majesty: 3,7 милиони долари
Ова е најскапата фотографија направена од Гилберт и Џорџ. Фотографијата е направена од 37 делчиња и е најскапото дело на ова дуо.
Spiritual America: 3,9 милиони
Ова е можеби најконтроверзната фотографија на листата. На фотографијата од 1983-та година се наоѓа 10-годишната Брук Шилдс, но без облека.
Фотографирана е од Ричард Принц, а нејзината мајка ја одобрила фотографијата за 450 долари. Во 2009-та година, фотографијата била изложена во Tate Modern во Лондон, но била отстранета после предупредување од полицијата.
Untitled #96: : 3,9 милиони
Неколку месеци во 2011-та година, ова беше најскапата фотографија во светот.
Фотографијата е дело на Синди Шерман и е направена на 1981-ва година.
Иако фотографијата изгледа одлично, некои експерти веруваат дека целта зад неа не била уметноста.
Rhine II: 4,3 милиони
Германскиот фотограф Андреас Гарски ја направил оваа фотографија во 1999-та година. Овој речен брег го минувал секојдневно кога џогирал.
На оригиналната фотографија имало и електрана, којашто уметникот ја отстранил дигитално.
Фотографијата е споредувана и со слика, но Андреас не ги сакал овие споредби.
Phantom: 6,5 милиони долари
Најскапо продадената фотографија е дело на Питер Лик и е направена во кањонот Антилопа во Аризона.
Питер е познат по неговите црно-бели фотографии, но и неговите панорами од природа. Неретко, неговите дела се продаваат за илјадници долари, но ништо не може да ја надмине Phantom.
Спирова С. | Црнобело