10-те најскапо продадени фотографии на сите времиња
Постои изрека која вели дека една слика вреди илјада зборови. Но, понекогаш една слика може да вреди и милиони долари.
Фотографиите во продолжение се едни од најскапите, иако многу експерти не се согласуваат за нивната вредност и нивниот квалитет.
Понекогаш е тешко да се одреди што ја прави една фотографија вредна и скапа, но луѓето без проблем платиле цело богатство за фотографиите во продолжение.
The Pond Moonlight: 2,9 милиони долари
Во 2006-та година, Хауард Гилман, колекционер од Америка, платил 2,9 милиони за оваа фотографија и ја направил најскапата во тој период.
Фотографијата е направена во 1904-та година, од страна на Едвард Стејчен и е една од првите во боја. Токму поради ова е ценета во кругот на фотографите.
Untitled Film Still #48: 2,96 милиони долари
Оваа фотографија е дело на Синди Шерман и е дел од серија со 69 црно-бели фотографии.
Фотографиите се направени помеѓу 1977-ма и 1980-та година, а целта на Синди била да ги натера луѓето да помислат дека гледаат филмска сцена.
Ова е најскапата фотографија од проектот, но не и најскапо продадената фотографија на Синди.
Cowboy: 3,75 милиони долари
Фотографијата е направена од Ричард Принц, истиот фотограф што стои зад познатите фотографии со каубои направени за Marlboro.
Од овој серијал е продадена уште една фотографија за повеќе од милион долари.
Сепак, многу критичари не ја сакаат работата на Ричард, најмногу бидејќи сметаат дека го прави истото нешто уште од 80-тите.
99 Cent II Diptychon: 3,3 милиони долари
Во 2007-ма година, оваа фотографија на германскиот артист Андреас Гарски била продадена за повеќе од 3 милиони долари.
Фотографот дигитално ги изменил боите на фотографијата и ја намалил перспективата.
Dead Troops Talk: 3,6 милиони долари
На оваа фотографија се прикажани група војници во Авганистан. Иако фотографијата изгледа како неверојатно дело на воен фотоновинар, таа била направена во студио во Канада со актери.
Во 2011-та година, фотографијата била продадена за 3,6 милиони, многу повеќе од очекуваните 2 милиони.
Актерите била фотографирани одделно, а потоа дигитално биле вметнати на истата фотографија.