Емотивни фотки од внуката-невеста како ѝ ја исполнува последната желба на својата баба
Планирањето венчавка не е воопшто лесно, бидејќи многу нешта се надвор од ваша контрола.
Тара Фолеј, девојка од Тексас, се соочила со една ваква ситуација.
Неколку месеци пред нејзината венчавка, Тара дознала дека баба ѝ била однесена во болница и дека повеќе не може да оди на други места.
Но, баба ѝ толку многу сакала да присуствува на нејзината венчавка, што Тара нашла начин да ѝ ја исполни желбата.
Во објавата на Facebook, што се прослави навистина брзо, Тара открила дека последната желба на нејзината 102-годишна баба е да присуствува на свадбата на нејзината внука.
When my Nana was put on hospice, the nurse asked her what her goals were. She replied that she wanted to be at my...
-->Posted by Tara Bars on Thursday, June 13, 2019
За жал, ова било невозможно поради нејзината возраст и нејзиното слабо срце.
Тогаш Тара добила идеја да ја облече нејзината венчаница, да отиде кај баба ѝ и да направат цела свадбена фотосесија. Најинтересниот дел од целата приказна е што Тара решила да не каже никому за ова.
Тара, облечена во нејзината венчаница, отишла во болницата каде што била баба ѝ и замолила да ја известат дека има посетител.
„Не можам да опишам со зборови колку ми значеше тој момент и ќе го ценам до крајот на животот.
Нејзината насмевка засекогаш ќе остане во мојот ум, а нашата љубов засекогаш ќе живее во моето срце.“
Тара додала дека и двете знаеле дека тоа ќе биде последниот пат што ќе се видат.
„Ме фати за лицето, ме погледна во очите и ми рече: 'Те сакам премногу'. 27 дена подоцна, таа почина.“
Но, приказната не завршува овде. На денот на венчавката, таа го изненадила семејството со емотивните фотографии.
Иако баба ѝ повеќе не била жива, таа била на прославата преку овие фотографии. Тара само сакала да ѝ ја исполни желбата на баба си, a го направила тоа на најдобриот можен начин.
Спирова С. | Црнобело