Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 неверојатни деца кои имаат срушено светски рекорди

Дали некогаш сте помислиле да потрошите часови учејќи и вежбајќи нешто за да срушите некој рекорд? Овие деца го направиле токму тоа.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-01.jpg

Иако во Гинисовата книга на рекорди најчесто гледаме возрасни личности, децата на оваа листа поминале месеци, па дури и години подготвувајќи се да влезат во историјата.

Монтана Кени

Монтана е најмладата девојка што се има искачено на Килиманџаро. За време на подвигот, таа имала само 7 години.

Монтана ја замолила мајка си да ја искачат највисоката планина во Африка, само за да бидат поблиску до нејзиниот татко.

Во 2018-та година, после неколку месеци тренирање, Монтана и мајка ѝ го освоиле врвот за 6 и пол дена.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-02.jpg

Ниланши Пател

Ниланши е 16-годишна девојка од Индија и е тинејџерката со најдолга коса. Кога имала 6 години, Ниланши имала лошо искуство на фризер и оттогаш ја нема скратено својата коса.

Кога го срушила рекордот, нејзината коса била долга 170,5 центиметри.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-03.jpg

Рајан

Рајан е познат по неговиот канал на YouTube, Ryan ToysReview на кој објавува рецензии за играчки.

Моментално каналот на Рајан е најгледаниот канал на личност родена после 2000-та година. Рекордот го соборил во 2017-та година, кога имал само 6 години. Денес неговите видеа се прегледани над 12 милијарди пати.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-04.jpg

Учениците од средното Padua Franciscan во Охајо

Учениците од училиштето во Охајо играле кикбол дури 51 час, со што поставиле нов рекорд.

Натпреварот бил организиран со цел да се соберат средства за деца со рак и биле собрани над 10.000 долари.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-05.jpg

Мату-Ендру Баџ

Баџ го држи рекордот за тинејџер со најголеми дланки. Тој е висок 208 центиметри, па не е ни чудно што има големи дланки и стапала.

Неговата десна дланка е долга 22,4 центиметри, а левата 22,1 центиметар.

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-06.jpg

Ларс Моца

Ларс пак, е тинејџерот со најголемите стапала во светот. Неговото лево стапало е долго 35 центиметри, а десното 34,9 центиметри.

Тој носи чевли со број 57!

12-neverojatni-deca-koi-imaat-srusheno-svetski-rekordi-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg