12 неверојатни деца кои имаат срушено светски рекорди
Севен Вејд
9-годишниот Вејд го држи рекордот за најмногу ракоплескања во една минута. Односно, тој успеал да направи 1.080 ракоплескања за само 60 секунди.
Но не било лесно да го постигне тоа - додека се подготвувал за предизвикот, често му се појавувале плускавици.
Роксен Даунс
Роксен имала едвај 9 години кога била прогласена за најмладиот уредник на весник во светот.
Таа била уредник на списанието IT GiRL, шест месеци пред да излезе првиот број во нејзината родна Австралија.
Според Гинисовата книга на рекорди, нејзините задачи вклучуваат одење на ручеци, средување уреднички содржини, истражување на пазарот и преглед на списанието пред печатење.
Бен Муни
Бен имал 7 години кога ја направил најдолгата нараквица од ластици и го срушил светскиот рекорд. Неговата нараквица била долга над 750 метри.
Три години подоцна, Бен срушил уште еден рекорд – тој го направил најдолгиот синџир од спојувалки. Синџирот бил долг 1.997 метри и бил направен од 66.000 спојувалки,
Ки Џианју
Ки може да реши 3 Рубикови коцки, и тоа додека жонглира со нив. Тогаш 13-годишното момче го срушило рекордот во живо на телевизија. Тој тренирал 3 години за овој рекорд и ги решил трите Рубикови коцки за само 5 минути и 6 секунди.
https://www.youtube.com/watch?v=h6Qbwz0Uik8
Кршаана Рават
Кршаана имала само 10 години кога ја напишала, ја режирала и ја извела нејзината претстава Mystical Magical Adventures – The Lost Key.
Во претставата учествувале 40 луѓе, помеѓу кои имало и професионалци и траела околу 85 минути.
Диего Суарез
Во 2004-та година, тогаш 7-годишниот Диего станал најмладата личност која има откриено фосил од непознат вид диносауруси.
Тој бил на патување со неговите родители геолози, кога случајно налетал на две коски што му припаѓале на непознат вид диносаурус.
Во чест на пронаоѓачот и неговата родна држава Чиле, видот денес е познат како Chilesaurus diegosuarezi.
Спирова С. | Црнобело