Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто речиси сите градби на грчките острови се обоени со сина и бела боја?

Доколку некој ви рече да ги затворите очите и да си ја замислите Грција, на што прво помислувате? Можеби ќе помислите на морето, гирото и грчките митови, но веројатно ќе помислите и на градбите со сина и бела боја. Но зошто всушност Грците ја користат оваа боја?

zoshto-rechisi-site-gradbi-na-grchkite-ostrovi-se-ofarbani-so-bela-i-sina-boja-01.jpg

Најпрво можеби ќе помислите дека причината е патриотизмот – грчкото знаме е со сина и бела боја. Но, вистинската причина е многу попрактична.

Бидејќи имало малку или воопшто немало дрва, градбите на грчките острови воглавно се направени од темен вулкански камен.

Каменот бил одличен изолатор, но неговата боја ја апсорбирала топлината, така што престојот во градбите во лето бил неподнослив. Па, фарбањето на градбите со бела боја било практичен, но и неопходен начин на разладување.

zoshto-rechisi-site-gradbi-na-grchkite-ostrovi-se-ofarbani-so-bela-i-sina-boja-02.jpg

Се разбира, за ова можат да се искористат црвена, жолта, зелена или некоја друга светла боја, а на почетокот луѓето можеле да ја одберат која сакаат. Сепак, сината станала најчестиот избор бидејќи била евтина и лесно достапна.

Супстанцата позната како loulaki имала сина нијанса и се користела за перење облека. Супстанцата реагира со малтерот од вар па со само неколку таблети од неа се боело целото соединение. Оваа супстанца се наоѓала во сечиј дом, па била достапна за користење.

zoshto-rechisi-site-gradbi-na-grchkite-ostrovi-se-ofarbani-so-bela-i-sina-boja-03.jpg

Дури во 1967-ма година од Грција „исчезнале“ другите бои. Тогашната влада сметала дека белата и сината боја покажуваат обединување и ја поддржуваат нивната политичка агенда, па побарале сите куќи да бидат офарбани со сина и бела боја.

Во 1960-тите, оваа комбинација на бои брзо станала заштитен знак на островите, а во 1974-та година власта донела закон според кој сите куќи мораат да бидат офарбани со овие бои.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg