Поими кои сите мислат дека се исти, а значењето им е сосема различно
Постојат многу термини за кои сметаме дека се исти, но всушност се сосема различни. На пример, кога некој ќе рече: „Одам во Америка“, тој најверојатно мисли на Соединетите Американски Држави.
Покрај тоа, истиот збор може да има повеќе значења, што создава дополнителна конфузија.
Ова се некои познати термини кои постојано ги мешаме - која е разликата?
Велика Британија и Обединето Кралство
Велика Британија е остров и е дел од Обединетото Кралство. Обединетото Кралство го вклучува и североисточниот дел на Ирска и многу помали острови.
Америка и Соединети Американски Држави
Името Америка се однесува на континентите Северна и Јужна Америка заедно. Соединетите Американски Држави се дел од Северна Америка.
Самбо и Самба
Самбо е руска воена уметност, односно кратенка за „Samozashchita Bez Oruzhiya“, што значи самоодбрана без оружје. Самба, од друга страна, е танц, односно неколку стилови на танцување: бразилски и балски.
Макаронси и Макарунси
Макаронси се шарени сендвич колачиња, а макарунси се колачиња направени од кокос.
Сталактити и сталагмити
Сталактитите се издигнуваат од врвот на пештерата надолу, а сталагмитите обратно - од дното нагоре.
Ашера | Црнобело